- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Една личност ги држи трите најмоќни позиции во Тајланд денес

Категории: Источна Азија, Тајланд, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Избори, Политика, Човекови права
National Council for Peace and Order leader Gen. Prayuth Chan-Ocha during a ceremony for Queen Sirikit's 82nd birthday on Aug. 12, 2014. Photo by John Vincent. Copyright Demotix [1]

Лидерот на Националниот совет за ред и мир Ген. Прајут Чан-Оча на церемонија за 82от роденден на Кралицата Сирикит на 12ти август, 2014. Фотографија на Џон Винсент. Издавачки права Demotix

Прајут Чан-Оча, командантот на Кралската Тајландска Војска која спроведе државен удар [2] минатиот мај и воспостави влада позната како Национален совет за ред и мир (НСРМ), беше избран [3] од Националното законодавно собрание за 29от премиер на Тајланд. Прајут е исто така и претседател на НСРМ.

НСРМ назначуваше членови на законодавното собрание кои го гласаа Прајут за премиер. Немаше други номинирани за оваа позиција.

И покрај тоа што нема искуство во раководење, Прајут зазема неколку позиции како глава на НСРМ. Тој се назначи себеси како претседател на Одборот за инвестиции, на Одборот за национална енергетска политика, како и на Специјалниотот одбор за развој на економски зони.

Војската водена од Прајут направи државен удар минатиот мај во обид да ги спречи насилните судири помеѓу подржувачите на главните политички партии во државата. Војската го поништи уставот, стави во притвор стотици политичари, и ги контролираше редакциите на големите медиумски станици. Исто така ги направи казниви со закон протестите и собирите на повеќе од 5 луѓе.

Прајут вети дека ќе ја предаде власта на граѓанска влада само по имплементирање на значителни политички и изборни промени. НСРМ изготви [7] привремен устав за враќање на нормалноста во земјата, но критичарите посочија дека истиот само ја легитимизира огромната улога на војската во владата.

Во неговото првото обраќање како премиер, Прајут вети [8] дека ќе ја врати среќата [9] кај луѓето:

Дозволете ми да дадам ветување до луѓето, дека јас целосно ќе се посветам себеси додека ги извршувам моите должности. Ќе бидам чесен, транспарентен, и ќе ги држам како приоритет интересите на нацијата и луѓето … со цел враќање на среќата и мирот на луѓето.

Кралот на Тајланд веќе го поддржа [10] Прајут, зголемувајќи го кредибилитетот на водачот на армијата, бидејќи кралот е најпочитуваната и сакана јавност личност во државата.

На Твитер, новинарот Правит Роџанапхрук истакна дека Прајут е неизбран премиер

Диктаторското влијание на Прајут во бирократијата неодамна беше демонстрирано откако никој не се осмели да не се согласи со него откако тој го презентираше предлог-буџетот на државата за 2015 година:

Поранешниот премиер Абхисит Веџаџива и лидер на Демократската Партија го спореди државниот удар на Прајут со оној во 1957, кој исто така наметна [16] апсолутна контрола на целата влада. Во меѓувреме, тајландскиот научник Клаудио Сопранзети напиша [17] дека политичките одлуки на Прајут се разликуваат од целокупните стратегии користени од лидерите на изминатите државни удари во последниве 20 години:

Мислам дека Прајут прави личен напор да се претстави како тип на харизматичен лидер со подршка на народот, нешто што ниту една од опозициските влади во изминативе 20 години не можеше да го постигне.

Бред Адамс, Азискиот директор на Хјуман Рајтс Воч, го критикуваше назначувањето на Прајут и го нарече [18]  „црн ден за човековите права.” „Како премиер и лидер на хунтата, ген. Прајут може да има широка моќ без одговорност. Ова означува црн ден за човековите права и иднината на демократијата во Тајланд.” рече тој.

И покрај неговото назначување за премиер, Прајут изјави дека воената состојба ќе остане на сила во Тајланд. Тој закажа избори во октомври 2015, но ова е се уште несигурно бидејќи првин треба да се имплементираат политички реформи според стандардните воспоставени од војската.