- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Чиле: Државниот удар од 1973 г. во 140 знаци

Категории: Латинска Америка, Чиле, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Историја, Политика

Како нетизените ќе го следеа државниот удар од 11 септември 1973 година во Чиле ако тогаш постоеше Твитер? Хорге Барадит (@baradit [1]) креираше приказна за како се одвивале историските настани од 15 август до 11 септември 1973 година од минута во минута [2] (на шпански), до моментот кога Аугусто Пиноче [3] ја презел контролата врз земјата. Барадит рекол [4] (на шпански) дека работата била исцрпувачка, но се исплатувала, „се чувствувам подобро во однос на мојата земја. Благодарам на сите“.