Шпанија: Жестока политичка и општествена дебата околу уставната реформа

Последниве неколку месеци во Шпанија се одвиваат жестоки политички и општествени дебати. Најновата вест која ги натера луѓето повторно да излезат на протест е таканаречената  #reformazo (#големареформа). Оваа вест се однесува на промените во шпанскиот Устав воведени од Шпанската социјалистичка работничка партија и поддржани од страна на Народната партија – промени кои беа спроведени токму три месеци пред општите избори, во екот на летото, без никакво предупредување на народот или конгресните групи и без никаква дебата во редовите на самите политички партии кои стојат позади реформите.

Конкретниот член за кој станува збор е Член 135, чиишто измени, како одговор на моменталната економска криза, треба да ги намалат државните трошоци, иако промените беа воведени делумно и под притисок од финансиските пазари и наметнати од повисоките редови на европското раководство.

Отсега натаму Членот 135 од шпанскиот Устав ќе гласи:

  1. Сите Влади мораат да го прилагодат своето работење според принципот на буџетска стабилност.
  2. Федералната влада и локалните самоуправи не смеат да имаат структурален дефицит кој ќе биде поголем од ограничувањата одредени од Европската Унија за  нејзините земји-членки. Уставното право го одредува законски одобрениот максимален буџетски дефицит за федералната влада и локалните самоуправи во форма на процент од БДП. Локалните власти мораат да прикажат дека имаат урамнотежен буџет.
  3. Федералната влада и локалните самоуправи мораат да имаат законско одобрение за стекнување со државен долг или за земање кредит.

Дебата се одвива на два фронта – политичкиот и општествениот.

Политичката дебата се изроди од самата Социјалистичка партија помеѓу конгресните претставници и поранешниот Генерален секретар на Работничката комисија (најголемиот синдикат во Шпанија), Антонио Гутиерез, кој најави дека нема повторно да се кандидира доколку политиката на Социјалистичката партија продолжи во оваа насока, мислејќи на усвојувањето на мерки кои се посвојствени за десничарскиот неолиберализам. Не ги заборавајте последните реформи за правата на работникот спроведени од страна на социјалистичката влада.

Сликано од @anderinaki http://yfrog.com/j22muhj

Како резултат низ цела земја беа организирани низа протести од страна на  советите на Пуерта дел сол и поддржани од движењето 15М против она што Реал демокраси нау! го нарече финансиски државен удар.

Истиот ден, слична напнатост се забележа и помеѓу веќе вознемирената полиција и печатот.

acampadasol: Одбраниот слоган за четврток: „НЕ на уставните реформи. Долу барањата на пазарот и капиталот“. #AGSol

Ова е промена која државата ја води кон иднина каде приватизацијата и неолибаралните политики ќе надвладеат над социјалните придобивки. За ова неодамна зборуваше и новинарот Ињаки Габилондо.

На 2 септември Конгресот гласаше за уставната реформа, каде 316 претставници гласаа за, а 5 гласаа против. Обединетата левица (Izquierda Unida), предводена од Гаспар Јамазарес реши да стави вето на гласањето така што консензусот помеѓу Шпанската социјалистичка работничка партија и Народната партија нема да може да ја добие поддршката и од каталонската конгресна група CIU чиишто гласови ќе ѝ дадеа поголема политичка моќ на уставната реформа.

Хуан Надие: Гаспар Јамарес е против уставната #reformazo (#големареформа) и е за референдум: текст и видео wp.me/p1IvYw-dc

На 7 септември Сенатот ја ратификуваше реформата со 233 гласа за и 3 гласа против.
LL_Sosa: RT @pepvilar #Сенатот ја одобри уставната реформа со 233 гласа за и 3 гласа против // колку тажен ден, навистина тажен…
Сепак, јавноста речиси и да немаше место во оваа дебата, освен некои иницијативи како оваа:
actuable: Над 141,000 луѓе бараат веднаш да се излезе на уставен референдум bit.ly/qckZTZ #yoquierovotar (#iwanttovote)

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.