Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Детската работна сила во центарот на вниманието

Зинеб Чтит во болница

Зинеб Чтит во болница

Младо девојче страда во болница, помодрена и претепана. Пратена да работи како домашна помошничка на возраст од 10 години, Зинеб Чтит не знае друг живот од оној што го има, работејќи за богати работодавци кои ја тепаат и не и даваат храна. A Moroccan About the World Around Him ги опиша нејзините повреди во неодамнешен пост:

Зинаб изгледаше исцрпено. Нејзиното тело беше цело со модрици и крвавеше од тепањето. Таа беше жигосана на нејзините усни со пегла. Таа беше изгорена со жешко масло на нејзините гради и приватни делови. Таа беше неписмена. Никогаш ја нема доживеано радоста од играње со другарчињата. Нејзината иднина беше одлучена: да работи до денот додека умре. И пред неколку денови, за малку ќе починеше.

За жал, приказната на Зинеб не е единствена. Мароко има 177 000 деца работници под 15 години, од кои 66 000 работата како домашни помошници. Иако Мароко е дел од Спогодбата на ОН за права на децата, минималната возраст за работа останува 12 години, со минимални рестрикции во сила. Огромен број на извештаи за малтретирање на домашните помошници се направени, како на пример овој од уредникот на Тингис, Аноур Маџид. И сепак, поради сиромаштијата, фамилиите продолжуваат да ги продаваат своите ќерки на највисокиот наддавач, за да работат како слуги, понекогаш без паузи и постојано. Блогерот Сара Алоу ја раскажува незгодата на повеќето млади слуги:

Овие сиромашни, необразовани девојки доаѓаат од селата во предградијата на мароканските градови и немаат друг избор за да се погрижат за своите фамилии и деца освен да прифатат работа како слугинки за најекстравагантните граѓани од земјата. Стигмата на сиромаштијата со која се карактеризирани при раѓање уште повеќе се истакнува со оваа симболичка професија – слугинките се за да се гледаат, а не слушаат. Тие работат не забележително – слично како домашните елфови во познатите волшебнички приказни на Џ.К. Роулинг.

Постојат многу фамилии во Мароко кои се обидуваат да обезбедат дом, не само место за работа за своите слугинки. Мојата баба секогаш се обидуваше децата на нејзината слугинка да добијат образование заедно со нејзините деца и внуци – додека нејзината мајка работеше во куќата на мојата баба, Наима одеше во истото училиште како и мојата братучетка. За жал, можам да кажам дека повеќето луѓе од земјата не се грижат така за своите слугинки.

Извештај [француски] во La Vie éco вели дека и мажот и жената кои ја вработиле Зинеб ќе бидат осудени, но како што блогерот Реда Чраиби предложува, мора да се случат уште неколку промени и тоа побрзо. Во детален пост [француски], блогерот нуди предлог за да се спречат фамилиите да ги праќаат своите млади ќерки да работат. Дел од предлогот:

Accorder des aides sociales aux familles les plus pauvres afin qu’elles ne soient pas contraintes de faire travailler les enfants au lieu des le envoyer à l’école. La scolarité pour cette catégorie de la société devrait être totalement gratuite tant pour l’enseignement que pour l’équipement scolaire. A ce propos, l’opération de distribution de cartables équipés est une bonne initiative qui devrait être étendue dans tout le Royaume.

Donner à l’Association « Touche pas à mon enfant » (touche pas à mes enfants) ou à une institution publique le droit de recenser et de contrôler le travail des enfants servantes, le droit d’entrer dans les maisons pour discuter avec elles et vérifier si elles sont traitées dignement. Encourager leur éducation et leur alphabétisation. Ouvrir et faire connaitre un centre d’accueil pour les enfants servantes qui veulent fuir d’urgence le foyer dans lequel elles travaillent, afin que plus aucune Zineb Chtet n’èrre dans la rue dans le sang en demandant l’aide d’inconnus…

Доделете социјална помош на најсиромашните фамилии за тие да не се присилени да ги испраќаат нивните деца да работат, наместо да ги праќаат во училиште. Школарината за оваа класа од општеството треба да биде тотално бесплатна, за учењето и за школската опрема. Поради ова, операцијата да се дистрибуираат школски чанти со опрема [француски] е добра иницијатива која треба да се прошири низ земјата. Дадете и право на некоја асоцијација како “Touche pas à mon enfant” (Рацете понастрана од моите деца) или некоја јавна агенција да ја мониторира или идентификува работата на децата слуги, да влегува во домови и да разговара со нив и да провери дали тие се правилно третирани. Поттикнете го нивното образование. Отворете засолниште за децата кои работат како слуги за да дојдат во итни ситуации, за да не се случи повторно деца како Зинеб Чтет да бараат помош на улица од непознати…

A Moroccan About the World Around Him го завршува својот пост со цитат:

Се потсетив на говор кој г. Елизер „Ели“ Визел го одржа во Белата куќа во 1999: „Политичкиот затвореник во неговата ќелија, гладното дете, бездомникот – без да одговориме на нивната незгода, без да им ја олесниме нивната осаменост со нудење на малку надеж е како да ги прогонуваме од човековата меморија. Во негирање на нивното човештво, ние вршиме предавство на нашето.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.