- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудијци и нивните коли

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Саудиска Арабија, Младина, Технологија, Уметност и култура

Екстремно прилагодување на колите, опасно дрифт натпреварување и несфатливо опасни акробации на автопатите во Саудиска Арабија.

Мона од Бунтовна арапска девојка на Само во Саудиска Арабија [1] го објави овој страшен подвиг [2], кој таа го нашла на ЈуТјуб од група од Саудијци кои лизгаат на нивните сандали покрај нивната кола во движење:

На опасната област за акробации, Сауди2к6бој ни прикажува [3] тинејџери Саудијци како дрифтаат со своите коли на затворени патишта, како и на автопати заедно со други возачи.

Каптив107 [4] ни покажува Саудијец како искача од прозорецот и се качува на хаубата, ја отвора и потоа се искачува до багажникот и сето тоа додека колата е во движење.

Конечно, прилагодена кола во саудиски стил [5], каде предните врати се отвораат нагоре, задните врати се отвораат наназад, багажникот се отвора на страна и една од вратите се врти околу нејзините оски.