- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ги пукаат, ги апсат и ги заплашуваат новинарите кои известуваат од Египет

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор

Новинарите во Египет се наоѓаат на линија на оган, како што владејачките сили ги растеруваат демонстрантите на Муслиманското братство [1] во Каиро.

Два протеста за поддржувачите на паднатиот од власт претседател Мухамед Морси (голем претставник на Муслиманското братство, чиешто едногодишно владеење беше прекинато на 3 јули, веднаш по масовните протести кои повикуваа за негова оставка и предвремени избори) беа разбиени насилно, при што извештаите за ранети и загинати беа потполно контрадикторни.

Неколку недели, поддржувачите на Морси и на Муслиманското братство кампуваа на плоштадот Рабаа Ал Адавија, во градот Насар и на плоштадот Ал Нахда, близу до Каирскиот Универзитет, барајќи враќање на „законитоста“ или враќање на Морси како законски избран претседател на Египет.

Том Фин, дописникот на Ројтерс од Каиро, се обиде да влезе во Рабаа Ал Адавија да ја испита состојбата. Малку подоцна напиша на Твитер:

Ме апсат.

И потоа додава:

Војниците им ги зедоа фотографските апарати на двајца фотографи и ги избришаа нивните фотографии.

Војниците зборуваат мирно, велат ја вршиме нашата работа, војуваме против терористите и ѝ служиме на нашата земја.

Не оставија да заминеме.

Бел Тру, кој исто така се наоѓа во близина на Рабаа, твитна:

Хелихоптери кружат, пукотници доаѓаат од сите страни на улиците. Слушнав дека има заробено новинари и дека се застрелани.

Набргу, и таа е дел од акцијата:

Само што бевме застрелани со пушка, во обидот да учествуваме на протестот во Рабаа, скриени зад кола.

Таа додава:

Бевме застрелани со ловџиска пушка, @leloveluck [9] и @alastair_beach [10] беа повредени лесно ( во ред се), јас ја одбегнав опасноста од истрели. Имав среќа.

Дописникот на Вашингтон Пост, Абигаил Хауслохнер, нема подобра среќа. Таа објаснува:

Полицијата фрла солзавец на гледачите и новинарите, употребувааат оган. Заробени сме.

Таа исто така беше под закана на полицаец:

Полицаецот, кој претходно ми рече дека го предизвикувам со тоа што пишувам на мојот laptop сега ми вели „Ако те видам уште еднаш ќе те застрелам во ногата“

Во една позагрижувачка порака на Твитер, таа додава:

Батеријата на мојот iPhone е при крај. Мохамед Солтан од Алијансата која се противи на државен удар изјави за АЈЕ ( Al Jazeera English) дека видел застрелан камерман додека подготвува пренос во живо. #rabaa [14]

Новинарот на Cairo Wire, Самер Ал Атруш, го одбегна најлошото:

Човек само што беше застрелан оддалечен десет метра од мене.

Останете со нас за повеќе информации од Египет [17].