Дали човекот што го бомбардираше пекингшкиот аеродром е терорист или жртва?

Човек во инвалидска количка, налутен поради лошото однесување на полицијата кон него, на Меѓународниот аеродром во Пекинг, вечерта на 20 јули 2013 година активираше домашно направена бомба притоа повредувајќи се само себеси.

Локалните медиуми го идентификуваа човекот како Ји Жонксинг, човек кој тврди дека неговиот хендикеп се должи на суровиот третман од страна на полицијата во градот Донггуан на југоистокот на Кина уште во 2005 година.

Репортер од новинската агенција Нанду, интервјуирал двајца адвокати кои во 2006 година го застапувале Ји и откриле дека бил претепан од страна на 7-8 полициски офицери кои користеле метални палки во градот Хоуде, Донггуан бидејќи Ји возел нелегално мото-такси возило. Неговиот ‘рбет бил перманентно оштетен од нападот, но локалните полициски власти тврделе дека тој сам се повредил кога паднал од возилото. И покрај тврдењето на сведок кој сведочел против полицијата, локалниот суд во 2008 година пресудил против Ји, а во полза на полицијата.

Sina Weibo user @chenshimanhua uploaded an image capturing Ji Zhongxing's despair.

Kорисникот на Сина Веибо @chenshimanhua прикачил слика која го портретира очајот на Ji Zhongxing

Ји бил принуден да ги покрие судските трошоци, поради што западнал во долгови. Патувал до Пекинг и поднел претставка до Централната комисија за право и политика на Комунистичката партија на Кина барајќи повторно разгледување на неговото судење.

Во 2010, полициската станица во Хоуде му понудила на Ји околу 100 000 јуани (околу 15 000 американски долари) во замена за изјава во која ќе гарантира дека ќе ја запре неговата петиција.

Терорист или жртва?

Во мнозинството од коментарите на кинеските социјални медиуми се изразува сочуство со Ји, кој е перцепиран како жртва на општествена и политичка неправда. Ји уште во 2006 започнал со пишување на блог на кој што го опишува неговото искуство, а Фенг Чингјанг (@风青杨V) откако го разгледал неговиот блог заклучил:

我看了冀先生的博客,才发现起因只是因为摩的载客,结果却被打瘫痪了,全家人背债,到处上访却得不到合理赔偿。最后亲人纷纷早逝,慢慢的他的心也死了!我未必赞同冀先生对此事的处理方式,但如果我们想要这个国家不出现下一个冀先生,就必须关注他的“病根”,他开始是一个正常人,是谁让他变得不正常

Завршив со читањето на блогот на г-динот Ји и открив дека бил претепан и станал хендикепиран бидејќи возел нелегално авто-такси возило. Неговата фамилија има долгови и не успеале да добијат адекватен надомест и покрај долгогодишното поднесување на барања. Неговите родители починале, а неговото срце како да починало заедно со нив. Не се согласувам со начинот на којшто г-динот Ји се справил со својата несреќа. Сепак, доколку не сакаме да видиме нов г-дин Ји во оваа држава, мора да посветиме внимание на коренот на проблемот. Тој бил само една нормална личност на самиот почеток на се ова, што е тоа што го направи абнормален?

Сепак, има и такви кои веруваат дека јавната безбедност секогаш треба да има приоритет. Медиумскиот работник Јин Же (@凝哲同学) на пример напиша:

中国的舆论场真是奇怪到近乎扭曲。有影响力的意见领袖们,不但不谴责在公共场合实施暴力袭击的人,反而因为暴徒未能伤害到更多的人而赞其为侠肝义胆。媒体不关注公众安全问题,反而开始用孤证为暴徒伸冤叫屈。这个世界究竟怎么了…波士顿爆炸案时候那同仇敌忾的劲儿都上哪儿去了?!

Јавното мислење во Кина е толку измешано. Лидерите кои имаат влијателно мислење не ги осудуваат оние кои спроведуваат насилен напад во јавноста. Дополнително, ги величаат насилниците како да се херои бидејќи не им наштетиле на други. Медиумите не го осврнуваат своето внимание на јавната безбедност бидејќи собирале информации и разни докази за да го претворат насилникот во жртва. Што се случи со нашето општество?…Од каде тие реагираа така различно за време на бомбашкиот инцидент во Бостон?

Но, интересот за јавната безбедност не доби многу на сила онлајн бидејќи Ји им сигнализирал на другите луѓе на аеродромот да се тргнат настрана пред да ја активира бомбата. Жао Ксиао (@赵晓), професор на Техничкиот универзитет во Пекинг, го бранеше Ји со зборовите:

冀中星引爆前用了十分钟疏散民众,所以只伤了他自己。多么善良的百姓,这个国家谁敢站出来说:我比他更有义!

Пред Ји Жонгксинг да ја активира бомбата, поминаа 10 минути додека се увери дека нема никој во негова близина, затоа само тој беше повреден. Тој е само една едноставна личност. Кој друг во оваа држава се осмелува да излезе и да каже: jас сум поправеден отколку што е тој?

@Badiucao's political cartoon. Ji: when justice is deprived, I seek my own.

Политички мотивираниот стрип на @Badiucao. Ји: кога сум лишен од правдата, си барам моја.

Авторот на сценарија за ТВ-драми @xiangrenli одекна:

冀中星给了我们法治社会大量的机会,但是我们所追求的法治社会没有给冀中星一丁点的机会,大量中国人只喜欢做围观者、做看客,看侩子手杀革命党,最后有人买人血馒头,没人去思考这个问题,冀中星绝不是最后一个。

Ји Жонгксинг му даде можности на нашиот правен систем, но нашиот суд нему не му даде можност. Повеќето Кинези сакаат да бидат набљудувачи и да уживаат во гледањето на моменти кога егзекуционерот го убива револуционерот. Некои дури купуваат колачиња испрскани со крв [симбол во романот на Лу Ксун, Медицина, во којшто луѓето веруваат дека колачињата можат да излечат болест на белите дробови]. Всушност никој не се осврнува на проблемот и затоа Ји Жонгксинг нема да биде последен [бомбаш-самоубиец].

@yourwisdom сподели слично гледиште:

用生命换取了一次关注。体制源源不断的产生系统性恶果,分散在多少视线看不到的地方生根发芽?维稳又能压抑多久?

[Ји] го искористи неговиот живот во замена за интерес од јавноста. Политичкиот систем продолжува да продуцира зло и неговите никулци продолжуваат да растат. Уште колку време контролата врз стабилноста ќе биде ефективна?

„Јужно од морето“ (@海之南) верува дека надвор има уште бомби:

每一个受不公正对待的公民,都是一颗不定时炸弹!不改变单纯维稳思路,积怨太多,就来不及拆除这些炸弹引信了!

Сите граѓани кои се соочиле со неправда се временска бомба! За да се деактивираат бомбите, поплаките мора да бидат канализирани и насочени. Одржувањето на општествената стабилност преку политичка контрола и репресија не води никаде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.