Минатата недела, се случи четвртиот Форум за слобода во Осло, организиран од Фондацијата за човекови права во норвешкиот главен град. Под слоганот „Од темнина кон светлина“, форумот ги зближи светските фигури кои се справуваат со хуманитарните кризи и размената на идеи за да ги ублажат нивните ефекти. Ребека МекКинон, коосновач на Глобал Војсис Онлајн, беше една од главните говорници за време на сесијата насловена „Гласовите во темнината“.
Меѓу темите кои привлекоа големо влијание за време на форумот беше и тековната криза во Сирија и политичката репресија под која живеат некои од активистите со новата влада на Владимир Путин во Русија, како и прегледот од првата година на Арапската пролет. Сепак, настанот опфати серија од теми кои вклучија други светски региони, меѓу кои беше и Латинска Америка.
Умберто Прадо, од Венецуела, беше првиот човек од Латинска Америка кој пред форумот зборуваше за вистинската состојба на затворите во неговата земја. Користејќи ужасни слики од затвореници кои пукаат во воздух, која е контраст на онаа со група од осудени лица кои свират во симфониски оркестар, тој ја открива застрашувачката статистика: 5 066 осудени лица починале од 1999 година, додека пак 14 460 биле повредени. Тој исто така ја замоли и Европската Унија да обрне внимание на венецуелските казнено-поправни установи.
Николас Перез, директор на еквадорскиот дневник Ел Универсо, ја изложи железната тупаница на владата на Рафаел Кореа, кој го остави весникот со парична казна од милион долари поради објавување на писмо до уредникот во кое дејствата на Кореа биле критикувани за наводната наредба на армијата да отвори оган врз болницата за време на тепачката со полицијата, која доведе до масовна интернационална осуда против недостатокот на слобода на изразување во државата.
Во меѓувреме, Маурицио Родас, исто така од Еквадор и основач на Фондацијата Етос, објави иновативен индекс кој го мери нивото на сиромаштија во Латинска Америка и исто така предизвика критика на Владата на Кореа.
И на крај, Итан Наделман, основач на Алијансата за политика на дрога, го нагласи проблемот за забрана на конзумирање на дрогата, што доведува до дискриминирачко затварање на малцинствата во САД, особено на шпанската популација.
Во Осло, имавме можност да седнеме со Марсел Граниер, жител на Венецуела и генерален директор на телевизијата Радио Каракас, чиј што сигнал беше тргнат од отворено емитување во неговата земја во 2007. Граниер, кој исто така учествувал и на вториот собир на споменатиот форум за напад на пресот во Венецуела, ја нагласи важноста за споменување на човековите права во Латинска Америка во европските случувања, поради „поврзаноста која постои помеѓу земјите на Латинска Америка и Европа, како што се Шпанија и Португалија“.
Во однос на форумот, Граниер потврдува дека „секој ден има се поголемо чувство на свесност“ во врска со сегашната ситуација во Венецуела, што го „зголемува нивото на свест во глобални рамки“ и свртува внимание на фактот дека почитување на човековите права во неговата земја ќе биде основно за гарантирање на добросостојбата на сите Венецуелци, како дополнување кон обезбедување на иселениците да се вратат во нивната земја.
На Твитер, некои од учесниците на Форумот за слобода во Осло, како што е Програмата за научници во Осло, (@OsloScholars), истакнаа неколку говори на експерти од Латинска Америка:
Нема достоинство во затвор: она што постои е општествено прочистување – Умберто Прадо. Така моќен говор за затворските услови во Венецуела.
Исто така, Runrunes (@RunRunesWeb) истакна дека говорот на Умберто Прадо беше доста моќен:
#Runrunes ALTO:De alto impacto ponencia de Humberto Prado (Observatorio Vzlano de Prisiones) en el Oslo Freedom Forum- http://ow.ly/aOfcW
Новинарот од Венецуела, Нелсон Бокарнда (@Desconvocara), нагласува важна изјава од Маурицио Родас за време на случувањето:
Mauricio Rodas,miembro de la Fundacion Ethos que hizo radiografía de pobreza latinoamericana anuncio en Oslo q buscara Presidencia Ecuador
Во продолжение се слики од презентацијата на Латинска Америка на Форумот за слобода во Осло, благодарениe на авторот на овој пост, МариБВ.