- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

ФОТОГРАФИЈА: Плачат црквите во Египет

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Младина, Човекови права

Како реакција на палењето на цркви, едно мало девојче од Горен Египет ја нацрта оваа слика што ме натера да заплачам:

pic.twitter.com/iymw3SF49R [1]

Египќанката Далиа Азиада, [3]поборник за правата на жените го објави овој твит по запалувањето на неколку цркви на Коптите низ целиот Египет, [4] по што на 14 август 2013 следеше насилна воена операција за расчистување на поддржувачите на Муслиманското Братство од мировните протести во главниот град Каиро [5], кадешто бараа враќање на прогонетиот претседател Мохамед Морси.

Операцијата за расчистување резултираше со смрт на приближно 638 луѓе, според египетската влада [6]. Претставник на Муслиманското Братство изјави дека 2.000 луѓе се убиени во „масакрот“ [7]. [7]

Повеќе десетици луѓе беа убиени на 16 август [8], кога поддржувачите на Муслиманското Братство се судрија со безбедносните сили за време на „Денот на Гневот“.

Прочитајте повеќе во нашата специјална репортажа Крвопролевање вο Египет. [9]