Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Графитите и урбаната уметност во Латинска Америка: Онлајн и на улиците

Во јануари 2010 година, придонесувачот за Глобал Војсис, Иса Виљареал напиша серија од три дела за урбаната уметност и графитите во Латинска Америка под името „Графитите и урбаната уметност: Гласот од улиците на Латинска Америка“ (III, и III). Од тогаш, блогерите продложија да ја покриваат оваа алтернативна форма на уметност која ужива силно присуство во регионот.

Блогер од Боливија, Патрисија Варгас (@arquitecta) го посети Чиле на почетокот на оваа година и беше сведок на ова раздвижено урбано уметничко движење. Таа сподели слики и нејзино размислување во гостински напис на блогот на Битакора Салинасанчез:

El arte urbano contemporaneo encuentra en Chile una gran galería de “arte para todos” ubicando grandes obras en varias ciudades y espacios públicos.

Según Hervé Chandès, curador de arte contemporáneo, afirma que el graffiti tiene mucha resonancia en Chile debido a los fuertes movimientos de protesta que vieron en los muros un soporte para hacer denuncias.

Во Чиле, современата урбана уметност наоѓа место во галериите „за сечија уметност“, поставувајќи одлични дела во неколку градови и јавни места.

Според Херв Чаднес, куратор на современа уметност, графитите имаат поголема видливост во Чиле поради силните протестни движења кои ѕидовите ги видоа како место за своите поплаки.

Патрисија нагласува некои од најважните места за урбаната уметност во Сантијаго, како што е соседството Белависта:

Белависта, Сантијаго, Чиле. Слика од Патриција Варгас употребена со дозвола

Белависта, Сантијаго, Чиле. Слика од Патриција Варгас употребена со дозвола

Таа исто така објави слики на урбана уметност во Валпараисо, на чилеанскиот брег:

Valparaíso, ciudad portuaria de particular arquitectura, con una topografía llena de sorpresas donde el patrimonio y el abandono juegan un papel importante creando un hito a nivel mundial en el arte urbano, convirtiéndose en una galería internacional, es la Meca del graffiti, donde los rincones y recovecos menos pensados han sido apropiados por artistas locales y foráneos. Valparaíso es un juego de sensaciones visuales que te permite crear nuevos imaginarios de diferentes estéticas que van desde la consigna política, el punk hasta el humor.

Валпараисо, град на пристаниште со единствена архитектура, со топографија полна со изненадувањa каде наследството и запоставувањето играат важна улога во формирањето на пресвртницата во глобалната улична уметност, постана меѓународна галерија, Мека на графитите, каде најнеочекуваните дупки и шуплини беа покриени од локални и странски артисти. Валпараисо е игра на визуелни сензации што дозволува да направите слики со различни естетики започнувајќи од политички слогани, панк, па дури и хумор.

Валпараисо, Чиле. Слика од Патриција Варгас, употребена со дозвола

Валпараисо, Чиле.Слика од Патриција Варгас, употребена со дозвола

Хуан Арејано, уредник на шпанската верзија на Глобал Војсис онлајн, неодамна напиша објава на блог за графитите во Икитос, Перу, во прашумата на Амазон. Хуан објаснува дека Перу по правило не е многу пријателски расположен кога се зборува за графитите. Властите или сопствениците на ѕидовите веднаш се ослободуваат од нив. Тој бил изненаден кога за време на неговата последна посета видел дека некој дел од графитите не биле допрени во долниот дел од градот Икитос.

Урбана уметност во Икитос, Перу. Слика од Хуан Арејано

Икитос, Перу. Урбана уметност од Сосе. Слика од Хуан Арејано

Во истата објава, Хуан ја сподели приказната за Сосе, млад урбан уметник. Неговата сторија одразува борби за многу урбани уметници кои се наоѓаат во регионот:

Sose fue protagonista de un bochornoso hecho en días recientes: mientras realizaba un mural en una de las calles de Iquitos fue golpeado y detenido como delincuente por miembros del serenazgo de la ciudad quienes lo llevaron a la comisaría, quitándole además sus sprays y bocetos de dibujo. A raíz de esto el Director Regional de Cultura declaró su preocupación por el exceso de fuerza aplicado y pidió comprensión a las autoridades municipales pues estos artistas ayudan a embellecer la ciudad.

Сосе беше главниот лик на еден засрамувачки настан овие денови: правејќи фресна на една од улиците на Икитос, тој беше претепан и притворен како криминалец од страна на членовите на општинската полиција, кои го однеле во полициската станица, му ги одземале спрејовите и скиците за цртање. По ова, регионалниот директорот на култура изјави жалење поради прекумерната сила употребена врз Сосе и бараше има разбирање од општинские власти бидејќи овие уметници помагаат да се разубави градот.

Хуан исто така нагласува како графитите се користат како форма на протест на оваа фотографија:

„Икитос завива за вода“. Слика од Хуан Арејано

На Фејсбук можете да најдете неколку страници кои се посветени на урбаната уметност во Латинска Америка, како што е La Argentina Graffitera, на која се објавуваат слики и информации и се охрабруваат корисниците да споделуваат слики од урбаната уметност во Аргентина.

Блогот Muro Rebelde („Бунтовен ѕид“) од придонесувачот на Глобал војсис Пабло Андрес Риверо е често ажуриран со видеа и слики на урбаната уметност. Пабло го објави следново видео поврзано со аргентинските артисти Бренда и Марија Евгенија, кои „бараа да остават еколошки отисок и многу боја на напуштените места“.

Во друг напис, Пабло објави видео поврзано со работата на еквадорската уметничка Карла Санчез, попозната како Будока:

Работата на Будока може да ја следите преку нејзиниот веб-сајтФликр или Фејсбук.

И на крај, Муро Ребелде ја покажува работата на парагвајскиот уметник Оз Монтаниа, кој им се придружи на другите уметници на графити со цел да создадат фреска во чест на писателот Огусто Роа Бастос:

Фреска во чест на писателот Огусто Роа Бастоа. Слика од  http://www.dementesx.com/ (CC BY-NC-SA 3.0)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.