Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: „Не верувам во училиштата, но верувам во образованието“

Educación Viva (Образование во живо) го објави првото од своите видеа со наслов „Не верувам во училиштата, но верувам во образованието“, со што ги предизвикува традиционалните образовни системи. Во видеото со превод, повеќе од 20 мажи и жени на глас читаат поема за образовниот систем и за тоа како тој е различен од нивното сфаќање на образованието.

¿Qué pasa si te digo que saber no necesariamente es comprender?
Que conocimiento es importante,
pero solo absorber información nos hace más ignorantes.
Comprender es haberlo vivido y experimentado.
Saber es simplemente poder acumularlo.
La Educación sirve para crecer y desarrollarnos,
la Escuela para aprobar el examen y graduarnos como esclavos.

Што ќе се случи ако ти кажам дека знаењето не е исто што и разбирањето?
Дека знаење е важно,
но постојаното впивање на информации нè прави само понеуки.
Разбирањето е резултат на искуство.
Знаењето подразбира акумулирање на информации.
Образованието ни овозможува да растеме и да се развиваме,
Училиштата – да положуваме испити и да дипломираме како робови.

Со својата кампања, тие се обидуваат да привлечат повеќе луѓе да испраќаат свои видеа како одговор на поемата која би требало да е јасно сфатена. Нивната препорака е, за своите видеа, луѓето да ја употребат истата музика која е под лиценца на Криејтив Комонс. Во иднина се очекува и вториот дел од видеото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.