Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Шпанија: Исус танцува на бразилски поп хит за време на религиозна поворка

За време на религиозната поворка која го одбележува крајот на христијанската велигденска недела во Алама де Мурсија во Шпанија, сликата на Исусовото Воскресение беше „обоена“ со „Теломанија“, кога  братството кое ја носеше сликата решило да танцува на меѓународниот хит на Мишел Тело „Ai Se Eu Te Pego“ (Ех Ако Те Фатам).

Видео записите од парадата се појавија на различни шпански медиуми и беа неколку пати објавувани на Јутјуб, поради што тешко можеше да се потврди оригиналниот извор на овие аматерски снимени видеа. Од La Opinión de Murciа (Мислење од Мурсија) рекоа:

Los que pasearon esta Semana Santa por las calles de Alhama de Murcia se llevaron una buena sorpresa al ser testigos de un paso fuera de lo común, y es que el solemne ritmo que suele acompañar a las imágenes protagonistas cambió por uno más fiestero y desenfadado.

Оние кои чекореа по улиците на Алама де Мурсија за време на Велигденската недела, беа изненадени кога забележаа нешто навистина невообичаено, тоа беше заменувањето на оној свечен ритам кој обично ги придружува овие паради со повесела и безгрижна мелодија.

Resucitó by Juan Carlos Guijarro Moreno CCBY

Воскресение од Хуан Карлос Гуијаро Морено CCBY

Песните кои одеа во позадина беа бразилскиот поп хит Ai Se Eu Te Pego (Ех Ако Те Фатам) на Мишел Тело и песната Вака Вака  на колумбијската пејачка Шакира. Оваа бразилска песна се прослави низ светот, како што претходно беше напишано во статијата на Глобал Војсис Бразил: Културолошка дебата – „Ех Ако Те Фатам“ се шири глобално и Ideal.es од Гранада, Шпанија, кој пишуваше за Велигденската парада, го додаде следново:

Ai se eu te pego‘ ataca de nuevo sin contemplaciones. Es la canción del momento y traspasa fronteras como podemos ver en Youtube. Michel Télo ha creado escuela. El caso es que el tema de las Navidades, de la primavera y, posiblemente, del verano se ha colado hasta en la Semana Santa. Es la fuerza de Ai se eu te pego. Hasta en un periodo de retiro, espiritualidad y devoción como éste, Michel Teló se ha abierto un hueco con su ‘Ai se eu te pego‘ y una cofradía de Alhama de Murcia ha decidido modernizarse e ir más allá de las marchas típicas y se ha lanzado a bailar a su Jesús Resucitado al ritmo de los pegadizos sones de la canción del brasileño.

„Ех Ако Те Фатам“ повторно напаѓа без двоумење. Тоа е песната на денешницата и преминува секакви граници, како што можеме да видиме на Јутјуб. Мишел Тело создаде следачи. Факт е дека овој Божиќен, пролетен, а можно е и летен хит стигна до Велигденската недела. Тоа е силата на „Ех Ако Те Фатам“. Дури и во ваков момент на духовност и оддаденост, Мишел Тело го отвори настанот со „Ех Ако Те Фатам“, братството од Алама де Мурсија решило да се надгради, па и да ги заменат традиционалните маршеви со прикажување на Христовото Воскресение танцувајќи на живиот и размрдан ритам на бразилската песна.

Иако, братството направи Исусовата слика да танцува и на песната од Светското првенство Вака Вака, на колумбијската пејачка Шакира, видеото со песната на Мишел Тело е таа што стана интернет сензација.

http://youtu.be/RsOVby_5ukg

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.