Сингапур избра нов претседател

На 27 август д-р Тони Тан беше избран за седми претседател на Сингапур, но разликата во однос на вториот кандидат беше само 7 269 гласа. Тој успеа да собере само 35,19 проценти од вкупниот број на гласови, но ова беше доволно да ги победи другите тројца кандидати во првите претседателски избори во Сингапур за период од 18 години.

Токму премиерот Ли Хсиен Лунг го поддржа д-р Тан. Премиерот ја објави оваа изјава по објавувањето на резултатите:

Добро е што Сингапурците можеа да гласаат за идниот претседател и да се фокусираат на она што претставува избраниот претседател. Им благодарам на четворицата кандидати за нивните кандидатури.

Гласачите се соочија со тежок избор меѓу д-р Тони Тан и д-р Тан Ченг Бок. Ова објаснува зошто победничката разлика е толку мала и зошто победникот доби само малку повеќе од 1/3 гласови. Сепак, според нашиот систем според кој победник е оној кој ќе освои најмногу гласови во една изборна единица, изборите произведоа нејасен победник, кој ќе го има мандатот на иден претседател.

Ознаката #sgpresident доминираше на Твитер сајбер просторот. Ова се некои од реакциите и предлозите за новиот претседател:

@patrickpang: Се надевам дека @д-р_тонитан ќе продолжи да пишува на Твитер… со тоа ќе биде нашиот прв сингапурски претседател кој пишува Твитер пораки.

@inchchua: Се чувствувам бедно за резултатите од #сгпретседателски избори, со што уште еднаш се докажува дека главата е поважна од срцето.

@sgelectorate: Слушнав дека СГринс гласал за друг министер ментор (позиција во владата на Сингапур поставена во 2004 година), кој е многу добар со изјавите за татковината

@BB_See: Па Сингапуре, не мислев дека ќе го кажам, но од денес имаш 5 години за покајување.

@iamleonwei: Уништувањето на гласовите е непочитување на демократијата на една држава и затоа 37,000 гласачи не заслужија да бидат овде.

Гореспоменатите Твитер пораки се однесуваат на неважечките гласачки ливчиња кои не се броеjа. Во меѓувреме, тесната победничка разлика на Тони Тан, кој е поддржан од премиерот, може да се протолкува како показател за сè помалата популарност на владејачката коалиција.

@mrbrown: Доколку Ченг Бок победи, НПД (Народната партија за дејствување) губи. Доколку победи Тони Тан, со овој резултат, НПД исто така губи. (белешка на авторот: НПД е владејачка партија во Сингапур)

Подолу се наоѓа Јутјуб видео запис прикачен од Д онлајн ситизен (Тhe Online Citizeн) на д-р Тан со победничкиот говор

„Мислите на циничниот инвеститор“ верува дека резултатот го одразува ,,незадоволството“ на сингапурските гласачи од водството на државата

Премиерот подобро да размисли повторно за своите идеи. Мнозинството на Сингапурци се незадоволни од:

– неоправданото зголемување на трошоците на патниците;

– повторните неуспеси да обезбедат МРТ (белешка на авторот: возни услуги) возарини и складишта;

– обиди да ни кажат како да гласаме на 27 август;

– одбивањето на Централниот центар за посредување и Министерството за правда да им посочи на ФТ (Фајненшл Тајмс) дека овде тие се гости, не наши  кметови и мора да ја толерираат нашата култура и навиките за јадење;

Гигамол Дајрис (The Gigamole Diaries) го потсетува претседателот за неговата улога на обединување на државата:

Избраниот претседател мора да сфати дека и покрај активното учество во изборната кампања и ветувањата направени во тој момент, претседателството е позиција чија најзначајна задача е да обединува и инспирира. Тој мора да се обиде и да ги отелотвори сите благородни вредности што ќе нè приближат меѓусебе како обединето граѓанство.

Но, претседателот, продолжува блогерот, не треба да се обидува да биде авторитет за моралот на луѓето

Кога ние го избираме претседателот, ние доброволно му го доделуваме моралниот авторитет да ги преземе највисоките позиции во нашата земја, но ова не го  прави да биде авторитет врз нашиот морал.

АКИКОНОМУ објаснува зошто претседателството е само церемонијална позиција:

Претседателот е чувар на ништо

Многу одамна избраниот претседател беше чувар на резервите на Сингапур. Потоа се промени уставот со што претседателот стана чувар само на тековните резерви. Но, со еден потег, владата го негираше значењето на претседателството, иако државјаните на Сингапур, дури и кандидатите за четвртите избори/селектирање не беа свесни.

Според Ји Јен Јонг, се промени политичкиот пејсаж:

Восхитен сум за овие претседателски избори и исходот од нив, бидејќи Сингапур создаде нов политички пејсаж. Тешко е да се замислат изборите од минатото кога немавме речиси никакво право на глас. Доколку не можеме да одиме назад, единствената разумна работа за одењето напред е да се дефинира нова политичка сцена каде заедно ќе напредуваме за заедничкото добро на Сингапур. Луѓето сакаат да слушнат за алтернативи. Бидејќи доколку има алтернатива, тогаш мора да е доволно добро за луѓето да исчекорат напред и да ги одиграат своите улоги. Тоа се случува сега.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.