Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Што ме научи градинарството за граѓанската одговорност

A tropical garden in Trinidad and Tobago; photo used with permission.

Тропска градина во Тринидад и Тобаго; фотографијата е искористена со претходно добиена дозвола

Објавено на 09 август 2014 година 9:00 GMT 

Кога работам во градината, размислувам. Опкружена од тишината на природата, мојот ум, целосно задлабочен во работата, или е во хармонија со сегашниот момент или лута – а деновиве тој луташе и се вијулеше, додека јас размислував за состојбата на мојата земја. 

Поминувајќи време во мојата градина минатиот викенд, уште од почеток ме обзеде желба да бидам надвор, да копам во земјата, да се чудам на елементарното чувство на земја по рацете. Дури ни дождот не можеше да ме набрка да влезам внатре.  Замајана од мирисите на зрелите манга и кокосовите мешунки од околните дрвја, се почувствував како да сум дома. Но, како што плевелот стануваше се поеднообразен, започнав да размислувам за други работи:  растечкиот криминалсистемската корупција, паралелната економија наводно изградена врз илегалната трговија со дрога и оружје

Како што моите голи раце се бореа да ја ослободат тревата од опасниот плевел што полека ја задушуваше, метафората не можеше да биде појасна. Научив многу работи буричкајќи во мојата градина, но никогаш не помислив дека ‘да се биде добар граѓанин’ ќе биде една од тие работи.  Еве неколку семиња коишто из’ртија во мојата граѓанска совест. 

Морате да прифатите дел од одговорноста. Каква што е мојата градина, таква е и мојата земја. Имав навика да се шетам во мојата градина, да видам што требаше да се сработи и да си најдам изговори зошто всушност не сработував: немав време, бев премногу уморна, не ми беше од најголем приоритет. Очекуваниот резултат беше тоа дека плевелот се рашири – го отстапив речиси целиот мој заден тревник на троскотот и бев несреќна поради тоа. Но, немаше толку многу да се запушти ако уште од почеток не бев одлучила дека мојата градина е сечија одговорност – на недоверливиот градинар, на зафатениот сопруг. 

Тревата не е секогаш позелена. Има многу погрешни работи во Тринидад и Тобаго, но има исто така и многу кои се правилни и убави и возвишувачки. Понекогаш, одлуката да се преместиш на друг дел од тревникот е правилната работа, а понекогаш, треба едноставно да останеш и да се бориш против плевелот, затоа што после сè, тој е ваша одговорност. Помогнавте да пушти корени; треба да помогнете и да се искорени.

Морате да ја завршите работата. Не може да се побегне од тоа, морате да се справите со грбавењето, вкочанетоста на прстите, чешањето на кожата, неугодната работа. Ќе бидете фрустрирани, ќе ви изгледа бескрајно и ќе бидете убедени дека ништо не постигнувате. Но, физичката болка најпосле ќе престане оставајќи ви впечаток дека добро сте издржале заради нешто важно, како да е првиот цут на ретко цвеќе. 

Промената нема да се случи преку ноќ. И покрај вчудоневидувачките промени што се гледаат за триесет минути работа во домот и градината, овој вид промени најверојатно ќе се случуваат со брзина слична на онаа кога меласа минува низ сито, зиме. Онака како што е потребно време да се расчисти градината од плевелите или штетниците, успешното управување со системот заплеткан во корупција ќе биде долг, тежок пат за одење. За таквиот редок цут, појавувањето ќе биде многу тешко, но кога најпосле ќе се појави, ќе биде повеќе од заносен. 

Можеби нема да ги видите плодовите од вашиот труд. Постои една грчка поговорка којашто вели: „Едно општество напредува кога старите засадуваат дрва во чијашто сенка знаат дека никогаш нема да седнат“.  Се согласувам со тоа. Сметам дека повеќето луѓе сакаат нивните деца да наследат подобра татковина од онаа во која ние сега живееме. 

Не оставајте ништо да ви се промакне.  Триниѓаните велат: „Дајте им прст, тие рака ќе ти земат“. Жилави плевели, како да се прекршители на закони во општеството, бараат само процеп за да се сместат. Како избирачи, мораме да бидеме внимателни: да бидеме претпазливи на напади против нашата демократија, да овозможиме нашиот глас да биде слушнат за прашања како што се спроведување политики и успешно управување и да создадеме функционални системи за да нашите јавни претставници ги држиме одговорни доколку некогаш заборават дека тие се тука за да му служат на заедничкото добро, а не на нивното лично добро.  

Морате да ја зачувате глобалната слика во умот. Градинарството може да биде насочено кон детаљот, но исто така и кон општиот резултат – а тоа не може да се постигне без силна заедница. Разноликоста којашто живее во хармонија е она од коешто убавите градини и силните општества се изградени. 

Секој треба да си ја одигра својата улога. Еднаш прочитав една статија за еден мал круг на градинари кои немајќи стабилна работа ги здружиле нивните ресурси и секој викенд секој од нив се грижел за градините на другите. Нивните градини и нивните пријателства напредувале, и сето тоа поради тоа што тие создале силна и функционална заедница. На ист начин, сите ние треба да правиме онолку колку што можеме, без разлика колку е тоа. Можеме ли да напишеме статија за блог или писмо до некој издавач? Можеме ли да останеме неми пред подмитувањето коешто оди на штета на водењето бизнис? Можеме ли да продефилираме, да потпишеме петиција, да бидеме активисти? Како што кенискиот екологист Wangari Maathai кажал во неговиот трогателен текст I will be a hummingbird, сите ние можеме да сториме нешто. И секој мал напор ќе се додаде на нешто многу поголемо, нешто што навистина може да направи разлика.  

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.