- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ирански полициски истражител доби 3 години затвор за убиство на блогер

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Човекови права

Полицискиот истражител за сајбер криминал Акбар Тагизаде беше осуден на 3 години затвор, две години прогон и 74 удари со камшик за убиството на блогерот дисидент Сатар Бехешти [1], кој почина за време на измачување додека бил во полициски притвор во ноември 2012. 

„Среда попладнето, 6 август, ни пристигнаа новости за пресудата по е-пошта. Но, ние не ги прифаќаме. Тие се кукавички и нефер,”  вели Гохаш Ешги, мајката на Бехешти, во интервју [2] со Интернационалната кампања за човекови права во Иран. Многу корисници на Твитер, кои ја следат приказната под хаштагот #SattahBeheshti [3], изразија слични несогласувања со пресудата.