Поплава во Русија ги врати волонтерите во акција

Долготрајните поплави од реката Амур потопија делови од руско-кинеската граница, одразувајќи се на повеќе од 100 илјади луѓе во речиси 185 градови. Како што водата се приближува на Кабаровск, бројот на жртви може само да расте.

Како и други природни катастрофи кои ја погодија Русија во изминатите години, поплавата од Амур предизвика бран на хуманитарни напори за помош. Познати личности како рускиот пејач Николај Басков, кој донраше 300 илјади рубљи, го поттикнаа овој тренд.

Flooding along the Amur near Khabarovsk. 18 August 2013, screen capture from YouTube.

Поплава од реката Амур во близина на Кабаровск. 18 август 2013, фотографија од екранот од Јутјуб.

Сепак, славните личности не се единствените Руси кои работат на тоа да ја подигнат свеста и да помогнат да се обезбеди помош за жртвите. Корисникот на LiveJournal, SPP 43, кој се нарекува себеси „Претседателот ФСБ“, промовираше донации на храна во Киров, пишувајќи:

Вот уже третий день в Кирове работает пункт сбора гуманитарной помощи для пострадавших от наводнения на Дальнем Востоке. 31 августа… Собрали за день примерно около тонны гуманитарки.

Ова е третиот ден во Киров како се собира храна за хуманитарна помош за жртвите на далечниот исток. 31 август… За еден ден, собравме речиси еден тон на хуманитарна помош.

Дополнително, Добротворната фондација „Традиции“ (на руски: Благотворительный фонд «Предание») со седиште во Москва, лансираша настан за собирање на средства за поддршка на волонтерите кои работат во регионите погодени од поплавата.

Најживата волонтерска организација припаѓа на фотоновинарот Митја Алешковски: Aмур 13, волонтерски координациски портал. Покрај тоа што трошат повеќе од 230 илјади рубљи на ден, администраторите на Амур 12 велат дека се борат финансиски за да испорачаат помош и волонтери до далечниот регион. (Амур 13 ќе престане со работа на 5 септември, 2013, кога руската армија ќе превземе контрола над спасувањето и повторната изградба.)

Дузина проминентни јавни личности го искористија Твитер за да го зајакнат и промовираат проектот на Алешковски, вклучително поранешниот министер за финансии Алексеј Курдин:

Дајте што можете за операцијата Амур 13. Помогнете им на жртвите од поплавата! amur13.ru

За подобро да се разбере тешкотијата за транспортирање на помош и волонтери, земете го предвид летот од Москва до Благовешченск, најголемиот град во областа Амур, погоден од поплавите. Трае повеќе од 7 часа. Амур 13 успеа да обезбеди 40 слободни места од Аерофлот и Трансаеро за неговите волонтери на секој чартер лет до Благовешченк. Ова му доведе на регионот Амур нови волонтери секој ден веќе неколку недели. Според блогерот и член на Амур 13, Наталија Малафав, волонтерите од Москва, Јекатеринбург, дури и Белгиа, се вклучја во денешната хуманитарна акција.

Амур 13 ја подигна видливоста преку соработка со актери како Гоша Кутсенко, која стана популарна појавувајќи се во руски филмови како „Ноќна стража“ (2004) и „11 студии за убавина“ (2012). Откако Кутсенко се приклучи на Амур 13, онлајн донациите за организацијата значително пораснаа.

Еден од волонтерите на Амур 13, очигледно на пат кон регионот Амур, гордо напиша на Инстаграм, на пример:

Летим с Гошей Куценко, командой волонтёров, журналистамии грузом гуманитарки в отдаленные районы.

Летам со Гоша Кутсенко, тимот од волонтери, новинари, и многу хуманитарна помош за далечните подрачја.

Друг волонтер извести онлајн и го прослави присуството на славната личност:

Гоша общается с женщиной, она – учитель, эвакуирована вместе с больным мужем.

Гоша разговара со една жена. Таа е учителка, евакуирана со болниот сопруг.

Благодарение на неговата популарност, Амур 13 веќе собра и транспортираше 7000 тони на добра до Благовешченск, откако собра повеќе од 2 милиони рубљи онлајн.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.