Според Компанијата за електрична енергија во Токио (TEPCO), откриени се уште 4 истекувања во загадените водени резервоари во фабриката за нуклеарна енергија Фукушима Даичи. Максималното ниво на радијација кое беше откриено на дното на резервоарот во групата Б во областа H3 е „1800 милисиверти на час, доза еквивалентна на 70 микрометри“.
Па колку е страшно „1800 мили сиверти на час, доза еквивалентна на 70 микрометри“? Њујорк Тајмс вели дека е „доволно за да ви даде смртоносна доза за околу 4 часа“, но анонимен јапонски блогер кој блогира за ex-skf.blogspot.jp ги критикуваше традиционалните медиуми за намерно изоставување на информацијата за „еквивалентна доза“ со цел погрешно да се наведат читателите мешајќи изложеност со гама радијација, која е длабоко пенетрирачка и може да патува длабоко во човековото ткиво, и изложеност на бета радијација, која е полесна и не толку пенетрирачка.
Блогерот објаснува на ex-skf.blogspot.jp:
1800 милисиверти/час е „доза еквивалентна на 70 микрометри“, за да се покаже изложеноста на бета радијација на кратка раздалеченост за одредени органи – кожата и очите.
[…]Тие „1800 милисиверти/час кои ќе убијат личност за 4 часа“ се гама радијација.
Во овој случај, отпадната вода има екстремно високи нивоа на бета нуклиди вклучително стронтиум, но воопшто нема високо ниво на гама нуклиди. Нема да умрете само поради тоа што сте во близина на оваа вода во времетраење од 4 часа.
Еквивалентот на дозата од 1800 милисиверти/час е се уште прилично висок, бидејќи годишниот лимит за еквивалентна доза за кожата е 500 милисиверти. Истото важи и за очите, односно 300 милисиверти.
Но, намерно да се испушти информацијата за „еквивалентна доза“ од оригиналната информација на TEPCO и да се додаде сензационалистичко тврдење дека некој ќе умре од 4 часа изложеност, е допирање на дното за медиумите.