- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Маглата се врати во Индонезија

Категории: Источна Азија, Индонезија, Малезија, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Животна средина
Haze in Sumatra. Photo by @jgblogs [1]

Магла во Суматра. Фотографија на @jgblogs

Речиси 500 шумски пожари [2] беа забележани на островот Суматра минатиот август што предизвика [3] дебела магла во Риау [4] во Индонезија и дури во некои делови од Малезија. Горењето [5] на шумите е резултат на операциите на плантажите за палмово масло, концесиите на набавувачите на дрва и плантажите на дрвена каша. Неколку училишта во Риау беа затворени [6] за време на враќањето на смртоносната магла минатата недела.

Загадувањето со магла е постојан проблем во регионот [7] предизвикано главно од шумските пожари во Индонезија. Минатиот јуни, маглата го покри Сингапур и многу области во Малезија.

Forest fire hotspots in Riau, Indonesia. Image from Eyes on the Forest. [8]

Места со шумски пожари во Риау, Индонезија. Жолтите области се насади со палмово масло. Фотографија на Eyes on the Forest.

На Твитер, Индонезијците ја изразуваат својата загриженост за враќањето на маглата во Суматра.

СБЈ однесува на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно.

Во Пенанг [17], Малезија, маглата влијаеше на многу жители. За среќа, маглата исчезна минатиот викенд.