Речиси 500 шумски пожари беа забележани на островот Суматра минатиот август што предизвика дебела магла во Риау во Индонезија и дури во некои делови од Малезија. Горењето на шумите е резултат на операциите на плантажите за палмово масло, концесиите на набавувачите на дрва и плантажите на дрвена каша. Неколку училишта во Риау беа затворени за време на враќањето на смртоносната магла минатата недела.
Загадувањето со магла е постојан проблем во регионот предизвикано главно од шумските пожари во Индонезија. Минатиот јуни, маглата го покри Сингапур и многу области во Малезија.

Места со шумски пожари во Риау, Индонезија. Жолтите области се насади со палмово масло. Фотографија на Eyes on the Forest.
На Твитер, Индонезијците ја изразуваат својата загриженост за враќањето на маглата во Суматра.
Ако претседателот на Индонезија не е информиран, ве молам кажете им на сопствениците на плантажите за палмово масло Msian на Суматра да направат повеќе пожари за СБЈ да може со свои сопствени очи да види што е магла.
— Д-р Ван Норашикин (@drshikin) 31 август, 2013
СБЈ однесува на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно.
#haze #Sumatra 2 дена гори земјата во #Medan, за 8 часа остави слој од црн прав на мојот мотор #health #environment #Indonesia
— Суматра ЕЕЦ (@SumatraEEC) 27 август, 2013
Во Пенанг, Малезија, маглата влијаеше на многу жители. За среќа, маглата исчезна минатиот викенд.
Маглата ми оневозможува да џогирам ):
— Џун (@SScarsorrow) 29 август, 2013
Конечно, нема повеќе магла. Јеј. Конечно можам да го видам изгрејсонцето.
— Амира Надиа Шафие (@ameeranadia90) 30 август, 2013