- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: Независни новинари бараат интервенција на ЕУ

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Белгија, Бугарија, Холандија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика, Слобода на говор, Човекови права

Група бугарски НВО и новинари објавија отворено писмо (на бугарски [1] и англиски [2]) до Неле Крос, потпретседателката на Европската Комисија, барајќи јавна средба бидејќи „ситуацијата со медиуми во Бугарија не е закана само за бугарското општество, туку и за ЕУ како целина“.