- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Каде во светот се преведувачите на Глобал војсис?

Категории: Јазик

Лингва лого [1]Овие денови преведувачите од проектот Лингва [1] на Глобал војсис создаваат 15 различни јазични изданија од овој сајт (18, ако ги броиме и идните јазици свахили, руски и српски) за луѓето од целиот свет, кои не го зборуваат англискиот јазик да можат да се вклучат во глобалната конверзација.

Во последната година и половина им посакавме добредојде на повеќе од 70 преведувачи-волонтери, од најмалку 21 земја, во заедницата на Глобал војсис [2].

Не е едноставно да се организираат повеќе од 150 автори [3], уредници [4] и преведувачи, кои редовно ја придонесуваат нивната енергија во Глобал војсис.

Ние немаме физичка канцеларија, географско одредиште и ретко имаме шанса да се сретнеме лице во лице [5]. Може да прочитате повеќе за работата на Глобал војсис на страницата За Глобал војсис [6].

Клер Улрик [7], која го води Глобал војсис на француски [8], ги обележа приближните локации на сите преведувачи на Лингва на оваа Гугл мапа [9].

Ве молиме да ја раширите информацијата за различните Лингва преведувачки сајтови [1] со линкување до нив на вашите блогови.


Погледни поголема мапа [10]