Каде во светот се преведувачите на Глобал војсис?

Лингва логоОвие денови преведувачите од проектот Лингва на Глобал војсис создаваат 15 различни јазични изданија од овој сајт (18, ако ги броиме и идните јазици свахили, руски и српски) за луѓето од целиот свет, кои не го зборуваат англискиот јазик да можат да се вклучат во глобалната конверзација.

Во последната година и половина им посакавме добредојде на повеќе од 70 преведувачи-волонтери, од најмалку 21 земја, во заедницата на Глобал војсис.

Не е едноставно да се организираат повеќе од 150 автори, уредници и преведувачи, кои редовно ја придонесуваат нивната енергија во Глобал војсис.

Ние немаме физичка канцеларија, географско одредиште и ретко имаме шанса да се сретнеме лице во лице. Може да прочитате повеќе за работата на Глобал војсис на страницата За Глобал војсис.

Клер Улрик, која го води Глобал војсис на француски, ги обележа приближните локации на сите преведувачи на Лингва на оваа Гугл мапа.

Ве молиме да ја раширите информацијата за различните Лингва преведувачки сајтови со линкување до нив на вашите блогови.


Погледни поголема мапа

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.