- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Пред и по бомбата: Интерактивна прошетка низ Нагасаки

Категории: Источна Азија, Јапонија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Историја, Катастрофи, Медиуми и новинарство

Atomic Bomb Epicenter in 2015 - Urakami, Nagasaki

Архивата на Нагасаки [1], користејќи го Google Earth, направи интерактивна мапа пред и откако на 9 август 1945 година беше фрлена атомска бомба врз југозападниот град во Јапонија.

Оваа веб алатка ги прибира и организира информациите од Интернет, споредувајќи ги приказните од преживеаните на Јутјуб, на пример, точната локација каде биле овие индивидуи во Нагасаки кога бомбата била детонирана.

スクリーンショット 2012-07-16 23.34.10 [2]

За да ја користите архивата на Нагасаки, потребен ви е Windows или Mac OSX 10.6 и Google Earth.

Веб страницата истотака содржи слични веб алатки кои содржат информации за атомската бомба фрлена во Хирошима, како и крвавата битка во Окинава [3] во 1945 година, каде 150.000 цивили го изгубија животот.