- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Oбединети Арапски Емирати: Бес поради експлицитниот концерт на Мадона

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Обединети Арапски Емирати, Граѓански медиуми, Музика, Религија, Уметност и култура

Мадона ја започна својата турнеја MDNA [1] на 1 јуни и го имаше својот прв концерт во Абу Даби, ОАЕ на 3 и 4 јуни. Концертот предизвика контроверзии за сексуални теми и откриените костими на Мадона.

Изведувачите во муслиманските земји вообичаено се соочуваат со спротивставеност од конзервативните формации во тие општества. Концертот на Лејди Гага во Индонезија беше откажан [2] неодамна поради притисокот од конзервативците и тврдокорните. И тајмингот исто така не беше соодветен и времето бидејќи настанот се случи веднаш по масакрот Хула [3] во Сирија. Мадона беше шокирана од коментарите на Твитер поради неколку причини.

Кодекс на облекување во ОАЕ

Модниот дизајнер Хала Заде го сублимираше редоследот на настаните во нејзиниот твит:

@halaZadeh [4]: Доведување на Мадона во Абу Даби, знаејќи која е таа, а потоа критикување и плукање по неа насекаде!

Нема закон во врска со облекувањето во ОАЕ, но вложени се напори да се донесе закон за облекување [5].

Savannah NOT Banana рече:

@EasyAsPieMmmPie [6]: Знаете кој друг не се грижи за облекувањето? Мадона, во Абу Даби или каде и да е.

Бесрамна изложба на христијански симболи

Бидејќи Арапскиот полуостров е место каде се родил исламот, понекогаш изложувањето на други симболи се смета за бесрамно. Мадона користеше крстови со различни големини, а концертот започна со ѕвонење на ѕвончиња, молитви и монаси. Калед Хамади на твитна:

@kwhammadi [7]: ‏: صليب كبير في جزيرة العرب من أجل راقصة خبيثة ،، يا أبناء زايد : أليس فيكم رجل رشيد !! #مادونا_تراقص_جراحنا

@kwhammadi [7]: Големиот крст на Арапскиот полуостров е симбол за злите танчерки. Вие синови на Зајед, нема ли некој мудар човек меѓу вас!

Саудискиот нетизен Мансур Ал Харети твитна:

@mr_mns [8]: #مادونا_تراقص_جراحنا دكتورإماراتي يخفف علينا ويقول مادوناكانت محتشمة ولم يرالسيدالجو الكنائسي الذي افتتحت به حفلتها بدلامن ان نقنت لاخوتنا

@mr_mns [8]: Професор од Емиратите се обиде да ни олесни и вели дека облеката на Мадона била скромна и не ја гледа атмосферата на црквата со преформансот со кој таа го започна концертот наместо молитва за нашите браќа во Сирија.

Наводна поврзаност со Илуминатите

Концертот на Мадона ја прикажа религиозната имагинација. Хамад Ал Ширави твитна признавајќи ги наводните контакти [9] на Мадона со Илуминатите [10]:

@Hamad_AlShirawi [11]: Нема повеќе илуминатски концерти, ве молам. #Мадона

Сексуалност

Блогерот иселеник, Пам, објави [12]:

Јас не сум скептик, но таа ги мина сите граници. Сигурен сум, од изјавите на некои луѓе кои биле и можеби некои од лидерите на оваа земја кои сфатиле што се случило, дека тие не се многу среќни. Во шоуто што го видов, нема ништо поврзано со Исламот, но јас сум сигурен дека нејзиното бакнување со жена и танцувањето со крстови не помина добро како другите работи.

Вулгарни зборови

На почеток на концертот, Мадона се сврте кон толпата и нарекувајќи ги луѓето „кучкини синови“. Саудискиот шеик Калед Ал Сагаби твитна:

@KhaledAlSaqaby [13]: #مادونا_تراقص_جراحنا‏ الإعلام القذر هو الذي أسهم في تقبل خمسة وعشرين ألف للقب(أبناء العاهرة )فقد أسهم خلال سنوات طويلة إلى إماتة الغيرة

@KhaledAlSaqaby [13]: Валканите медиуми се оние кои учествувале во тоа да 25,000 луѓе да прифатат да бидат наречени кучкини синови како што со години придонеле да ја убијата гордоста.

Американскиот блогер Томас О'Хара  постирал [14]:

Ми кажаа дека нејзината прва песна била испеана на хебрејски јазик и дека зборувала вулгарности во текот на целиот концерт.  Друг некој странец би бил ставен во затвор поради вакво јавно однесување.

Лош тајминг

Концертот беше одржан веднаш после масакрот Хула во Сирија. Емиратски корисници на Твитер рекоа дека не е време за забавување и анимација. Тие организираа онлајн кампања употребувајќи го хаштагот на Твитер #مادونا_تراقص_جراحنا‏ (#Мадона_танцува_на_нашите_рани).

Блогерот Мохамед Алфрај објави [15]:

مادونا المغنية الأمريكية المعتزلة من عشر سنين تحيي ليلة واحدة من عمرها الثمين بعشرة ملايين دولار فقط لا غير، ومعها جوقة صلبانها ورهبانها وطقوسها الكنسية، لم تفلح اعتراضات غيورين كثر عزّ عليهم أن تطغى صرخات العاهرة على صراخ من تبقى من أطفال سوريا، وأنين الموجوعات المفجوعات بأزواجهن وأولادهن وعفافهن في منعها، والمفاجأة المحزنة حين تقاتل الناس على التذاكر التي بلغت قيمتها أكثر من ألف درهم، وتحديدا ثلاث مائة دولار للواحدة، وتقاطروا من كل صوب، فقدر الجمهور باثنين وعشرين ألف رجل وامرأة..

Мадона, американска пејачка во пензија која беше повлечена 10 години, има преформанс за една вечер од нејзиниот скапоцен живот и зема само 10 милиони долари и ништо повеќе. Заедно со неа беа и група носачи на крстови, хор монаси и црквени ритуали. Спротивставувањето на повеќе луѓе, кои не сакаа кучката да плаче за да ги надмине криковите на сеќавањето на она што се случи на децата од Сирија и агонијата на ранетите мајки кои ги изгубиле нивните деца и сопружници, не им успеа. И најтажното изненадување беше кога луѓето се бореа за карти кои чинеа повеќе од 1000 дирхами една, или пак околу 300 долари, и се собираа од секаде. Бројот на публиката беше проценет на околу 22.000 мажи и жени.

Емиратскиот блогер Ибрахим Алхарам го изрази своето незадоволство за неуспехот на кампањата пишувајќи:

@IbrahimAlharam [16]: في المملكة استجاب التجار لنداءات الشباب السعودي وتم ‎‫#إلغاء_اللقاء_العار‏ ! مع الروس ولكن في وطني تركت ‎‫#مادونا_تراقص_جراحنا‏ !

@IbrahimAlharam [16]: Во Царството на Саудиска Арабија трговците одговорија на повикот на младината на Саудиска Арабија за откажување на срамниот собир со Русите, но во мојата земја тие дозволија Мадона да гази по нашите рани.

Како и да е, блогерот од Емиратите, Ахмед Ал Гаргауи напиша [17] дека изведбата на Мадона е контроверзна:

Сите знаеме за возбудата што Мадона ја предизвика, гледајќи на целата таа толпа од луѓе која беше создадена поради доаѓањето на Мадона во Абу Даби. Верувам дек пее убаво, сите ние го знаеме брендот Мадона дека е контроверзен па ако вие не сакате да се зближите со ова или да не го сакате, едноставно однесувајте се како да гледате филм за над 18 години во кино, не одете да го гледате ако ве навредува. Јас мислам дека оваа држава е водена од голем човек и нема да дозволат да има свој концерт ако нејзината содржина била контроверзна или навредлива.