- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тунис: Судири во врска со иднината на државната телевизија

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Тунис, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика, Протест

На 25 април, пред седиштето на туниската национална телевизија заврши [1] протестот кој траеше речиси осум недели. Демонстрантите тврдеа дека телевизијата Ал Ватанија ја поддржувала диктатурата на симнатиот од власт Бен Али и побараа нејзино „чистење“. Откако владата вети дека ќе се заложи за решавање на проблемите, демонстрантите се согласија да заминат.

Критичарите сметаат дека државните медиуми, а особено вестите во ударен термин на телевизијата Ал Ватанија, се однесуваат пристрасно кон Eнханда [2], владејачката партија. Мрежата беше обвинета за деградирање на работата на владата. Протестите надвор од Ватанија станаа доста напнати, со тоа што демонстрантите мавтаа со бришалки и шишиња со белило, барајќи да се „исчисти“ радиодифузерот, а исто така напаѓаа и новинари [3].

Изјава од претставник на Енханда во врска со можната приватизација на државната телевизија [4] доведе до насилни судири [5]. Потоа, од демонстрантите беше побарано да заминат, а владата вети дека ќе одговори на нивните барања, вклучувајќи ги и прашањата за финансиска и административна корупција и вработените кои порано беа вклучени во вршење на пропаганда во корист на Бен Али.

[6]

Шатори пред туниската државна телевизија. Фотографија од tuniculture.net (CC BY-NC-SA 3.0).

Билмирсад се сомнева за влијанието на протестот:

@Boukacheche_TN [7]: أن تطالب بتطهبر ذاتي للتلفزة دون الكشف عن عناصر الفساد فيها فذلك يعني أن هدفك ابتزاز موظفيها بملفاتهم ليكونوا في صفك ‎‪#Tunisie‬‏ ‎‪#TTN‬‏
Да се побара само-чистење на телевизијата без откривање на елементите на корупција внатре, значи дека вашата цел е да се уценуваат нејзините професионалци со нивните документи, со цел тие да бидат на ваша страна

Откако ги натера демонстрантите да го завршат протестот, владата свика национален совет во врска со медиумите. Корисникот на Твитер @tn_revo твитна:

@tn_revo [8]: فضيحة: الحكومة تستعين لإصلاح الاعلام بأشخاص ساهموا في تدجينه
Скандал: За да спроведе реформа во медиумите, владата бара помош од луѓето кои придонесоа за нивно скротување

Консултантот за стратегија, Селим Танфус, твитна:

@Foustanovitch [9]: Sinon.personne ne trouve que la privatisation de la #TTN est une énième tentative de dérouter l opinon publique vers d autres occupations?

Никој ли не смета дека приватизацијата на #TTN [Туниската национална телевизија] е уште еден обид да се сврти јавното мислење кон други работи?
[10]

Туниската телевизија „се продава“. Фотографија од корисник на Флике, Мурад Дачрауи (CC BY-NC-SA 2.0).

Мохамед Нидхал Бетеб го критикуваше незадоволството на владата од медиумите:

@NidhalBettaieb [11]: Sinon le #tnGov n'arrête pas d'insulter la #TTN , mais ne cesse d'être présent sur ses plateaux

Туниската влада не престанува да ја навредува #TTN, но продолжува да стои на нејзиниот подиум

Мехди Карфи твитна:

@___mehdi [12]: bcp de bruit sur privatisation des medias publics.. je pense que meme pas en rêve, et ils le savent tres bien, c juste pour “faire peur”#TTN

Многу врева околу приватизацијата на државните медиуми… Мислам дека дури и на сон, а тие тоа добро го знаат, го прават тоа само за да создадат страв