На 25 април, пред седиштето на туниската национална телевизија заврши протестот кој траеше речиси осум недели. Демонстрантите тврдеа дека телевизијата Ал Ватанија ја поддржувала диктатурата на симнатиот од власт Бен Али и побараа нејзино „чистење“. Откако владата вети дека ќе се заложи за решавање на проблемите, демонстрантите се согласија да заминат.
Критичарите сметаат дека државните медиуми, а особено вестите во ударен термин на телевизијата Ал Ватанија, се однесуваат пристрасно кон Eнханда, владејачката партија. Мрежата беше обвинета за деградирање на работата на владата. Протестите надвор од Ватанија станаа доста напнати, со тоа што демонстрантите мавтаа со бришалки и шишиња со белило, барајќи да се „исчисти“ радиодифузерот, а исто така напаѓаа и новинари.
Изјава од претставник на Енханда во врска со можната приватизација на државната телевизија доведе до насилни судири. Потоа, од демонстрантите беше побарано да заминат, а владата вети дека ќе одговори на нивните барања, вклучувајќи ги и прашањата за финансиска и административна корупција и вработените кои порано беа вклучени во вршење на пропаганда во корист на Бен Али.
Билмирсад се сомнева за влијанието на протестот:
Откако ги натера демонстрантите да го завршат протестот, владата свика национален совет во врска со медиумите. Корисникот на Твитер @tn_revo твитна:
Консултантот за стратегија, Селим Танфус, твитна:
@Foustanovitch: Sinon.personne ne trouve que la privatisation de la #TTN est une énième tentative de dérouter l opinon publique vers d autres occupations?
Мохамед Нидхал Бетеб го критикуваше незадоволството на владата од медиумите:
@NidhalBettaieb: Sinon le #tnGov n'arrête pas d'insulter la #TTN , mais ne cesse d'être présent sur ses plateaux
Мехди Карфи твитна:
@___mehdi: bcp de bruit sur privatisation des medias publics.. je pense que meme pas en rêve, et ils le savent tres bien, c juste pour “faire peur”#TTN