Тунис: Бес против забраната за протест на главната улица во Тунис

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Револуција во Тунис 2011.

Туниските нетизени го изразија нивниот бес поради забраната за протестирање на авенијата Хабиб Бургиба во Тунис. Оваа улица е главната улица во главниот град и претставува туниски еквивалент на плоштадот Тахрир во Каиро.

На 28 март 2012, туниското Министерство за внатрешни работи забрани секакви протести, тврдејќи дека добиле жалби од страна на трговските и туристичките бизнис субјекти кои се наоѓаат на авенијата. Неодамна, се случија судири меѓу исламистите и либералите кога се случуваа 2 протести истовремено на истата улица.

Авенија Хабиб Бургиба. Слика од Фликр корисникот Tab59 (CC BY-SA 2.0)

Слим Амаму, туниски блогер и поранешен државен секретар за младите, објави на Твитер:

@slim404: ياخي الداخلية ولات مشرع باش تمنع و تشرع في ألحق الدستوري في التظاهر؟ قالله شارع الحبيب بورقيبة ممنوع.. ملا لغة.. ‎‬#tnac‪‏ ‎‬#тнгов‪‏
Дали министерството за внатрешни работи стана законодавец кој може да го забрани и озакони уставното право на протест? Тие велат дека на авенијата Хабиб Бургиба се забранува…. Што е ова….

Во продолжение тој повика на протест:

@slim404: حالة الطوارئ توفى غدوة 30 مارس في تونس. تظاهرو! ما تسمعوش كلام الداخلية!
Вонредната состојба во Тунис завршува утре, 30 март. Ајде на протести! Не слушајте ги зборовите на Министерството за внатрешни работи

Блогерот и придонесувачот за Википедија Хабиб М'хени одговори на Твитер пораката на Амаму, велејќи:

@HabibMhenni: تمديد ضمني في حالة الطوارئ المنتهية آخر هذا الشهر
Имплицитно продолжение на вонредната состојба завршува овој месец

Познатитот блогер Азиз Амами, затворен за време на Туниската револуција, исто така, одговори на Твитер пораката на Слим Амаму:

@Azyyoz: C'est pas la première fois qu'ils le font, ces salauds

Не е првпат да го направат ова, овие кретени

Блогерот Тунисхура изјави дека не е дозволена бдеење за Денот на земјата (денот за сеќавање на Палестинците кои загнаа во израелско-палестинските борби за земја во 1976 година, заб. на прев.):

@tounsiahourra: الداخلية ترفض الترخيص لمسيرة بالشموع غدا امام المسرح البلدي في شارع بورقيبة في يوم الأرض بتعلة ان كل التظاهرات منعت في ذلك الشارع ‎‬#денотна земјата
Министерството за внатрешни работи одбива да им овозможи бдеење со свеќи за утрешниот Ден на земјата пред градскиот театар на авенијата Бургиба, со изговор дека сите протести се забранети на таа улица.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Револуција во Тунис 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.