Мексико маршира против насилство

Мексиканците, кои се заситени од зголеменото насилство и несигурноста со која се соочува нивната земја во изминатата година, како што беше споменато во изминатиот напис во Глобал војсис, одлучија да имаат мирен марш и пеење на химната со запалени свеќи низ целата земја и во некои други локации како Коста Рика, САД, Шпанија, Израел, Полска и Англија, во неделата на 31ви август 2008 година. Веб страницата „Ајде да го осветлиме Мексико“ има детали за тоа кој го поддржа маршот, нивните причини и наскоро ќе постави видео и фотографии.

МаЈаДеРиА, колумбиска блогерка која живее во Мексико, пишува на својот блог за нејзиното искуство од учеството во маршот и забележува колку тој беше поделен по класи. Високите слоеви излегоа на маршот, но останаа на почетната точка, статуетата на Ангелот на независноста, средната и ниската класа, познати како “класа која патува со подземна железница” се сретнаа кај Зокало. Таа завршува со неколку прашања за мексиканските граѓани:

-Зошто немаше едногласност во паролите? Помеѓу барањата за мир, барање да дадат отказ оние кои не си ја вршат работата и барање да се стави крај на киднапирањето…што беше тоа што тие навистина бараа?
– Јас никогаш не разбрав зошто маршот не беше против насилството, туку против некорисноста на властите. Дали едната работа оди заедно со другата? Нели треба да се маршира против насилството и да се побара отповикување на мандатот на властите на друго место?
– Кој е лошиот овде? Деликвентите, властите или кој?
-Зошто се дојде до Зоколо, а не до Лос Пинос (претседателската куќа)?

Нејзиното видео Marcha D.F. од маршот е на Blip.tv. Шпанскиот наслов се преведува: Јас не знам дали маршевите се добри за било што друго освен за поттикнување на неформална трговија. Но јас сигурно знам дека МНОГУ луѓе беа на Д.Ф. маршот. Беше убаво да се видат како пешачат.

Од мексиканскиот град Монтери, јазпис постави видео од пеењето на химната со запалени свеќи:

Фотографија од скајсикер

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.