- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД, Мексико: Астронаутот Џосе Хернандез објавува на Twitter од вселената

Категории: Латинска Америка, Северна Америка, Мексико, САД, Наука, Технологија

Астронаутот Џосе Хернандез [1] во моментов кружи околу Земјата, како дел од мисија [2] со вселенски брод кон Меѓународната вселенска станица, и објавува на Twitter додека е на 13-дневната мисија.

Како син на мексикански имигранти, но роден во САД, Хернандез го има поминато половина живот во земјата на потекло на неговите родители, а останатиот дел во САД. Според Mexico Reporter, тој е национален херој во Мексико [3] и неговата животна приказна е инспирација за многумина во двете земји. Хернандез е поранешен миграциски работник, кој работел на поле заедно со неговите родители, [4] а сега тој го направи своето прво патување во вселената.

Астронаут Jose Hernandez и од Википедија [5]

Астронаутот Џосе Хернандез. Извор: Wikimedia Commons

Неговиот двојазичен Twitter профил [6] обезбедуваше новости за време на подготовките за лансирање, кое првично беше закажан за 25 август. Поради некои механички проблеми, тоа беше одложено за неколку дена. [7] Лажните почетоци и повторувачката рутинска подготовка по некое време почнаа да даваат познато чувство: [8]

Одам на фина прошетка. Изгледа како времето да ќе соработува за вечерашното полетување во 1:10! Како да е Денот на мрмотот! 🙂

За време на овие подготовки, Хернандез имаше телефонски разговор [9] со мексиканскиот претседател Филипе Калдерон.

Конечно дојде денот и вселенскиот брод беше лансиран во орбита на 28 август. Откако Хернандез веќе беше во вселената, тој ги пренесе своите мисли од неговиот прв ден во вселената: [10]

Се прилагодувам и го реализарам мојот сон … Микрогравитацијата е одлична. Завршив со поставувањето на компјутерите и подготвен сум за кревет! Не ми треба перниче!

Во следните две недели, Хернандез ќе обезбеди новостите околу активностите на мисијата [11], а и за идните активности: [12]

# onorbit Заврши 3тиот ден од летот и се вратив на станицата. Се сретнав со нашите 6 соседи и тие изгледаат како фини луѓе! Толку фини што еден од нив ќе превеземе до дома!

Следете ти неговите пораки на Twitter за остатокот на мисијата на @Astro_Jose [6]