- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Еволуција во начинот на размислување“ во Авганистан

Категории: Централна Азија и Кавказ, Авганистан, Владеење, Граѓански медиуми, Филм

Ахмад Шуја, авганистански блогер и политички коментатор со седиште во САД, ги споделува [1] неговите согледувања во врска со разликите меѓу она што бил Авганистан под режимот на Талибанците и она што Авганистан е денес:

Авганистанците, како и одредени странски набљудувачи потврдуваат дека Авганистан денес е многу поразлична земја од онаа под талибанскиот режим. Многу малку од овие набљудувачи можат точно и конкретно да објаснат што навистина се сменило. Тие само можат да го споменат бројот на ученици во училиштата, зголемувањето на бројот на телевизиски канали и подобрувањето на патната мрежа… Еволуцијата на мислата и очекувањата направија од Авганистан место многу поразлично од она што беше пред само 10 години.