- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Мајка на затворен блогер започна штрајк со глад

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест, Човекови права

 

حسين رونغاي ماليكي وأمه زليخة [1]

Хусеин Ронаги Малеки и неговата мајка Золејка, и двајцата во моментов штрајкуваат со глад.
Фотографија земена од Фејсбук- страницата посветена на кампањата за поддршка на блогерот.


Золејка Мусави е мајка која се наоѓа во безнадежна ситуација. Таа е мајка на затворениот ирански блогер, Хусеин Ронаги Малеки, кој пред околу 2 недели започна штрајк со глад. Во вторник на 20 август 2013, госпоѓа Мусави, последователно, започна штрајк со глад за нејзиниот глас да биде слушнат.

Хусеин Ронаги Малеки [2] е осуден на затворска казна од 15 години. На социјалната мрежа Фејсбук беше започната кампања за поддршка [3] на блогерот.

На страницата на кампањата, прво може да се прочита: „Животот на Хусеин е во опасност, денес треба да го поддржиме за да не зборуваме за него како за херој на неговиот погреб“.

Една скорешна објава [1] на Фејсбук информираше дека мајката на Хусеин започнала штрајк со глад  „зошто властите воопшто не обрнуваат внимание на штрајкот со глад и ситуацијата на нејзиниот син“.

Истата порака ги охрабрува активистите да го разбијат молкот во врска со оваа ситуација.

Многумина се загрижени да не се влоши неговата здравствена состојба, бидејќи Хусеин веќе имаше проблеми [4] со бубрезите и устата и многу болки. Тој напиша писмо во кое ја опишува тортурата која му била нанесена од страна на вработените од Министерството за разузнавање за да го присилат да признае пред обвинителството, но тоа писмо беше запленето.

Не за одмазда

Ослободен на кратко пред да се врати во затвор, Хусеин објави видео на кое се изјаснува:

Ако сакаме да ја смениме ситуацијата во нашата земја, треба да одиме до крајност… мора да одиме рака под рака без никаквo одмаздување. Мора да изградиме рационалност и добрина зашто Иран мора да биде ослободен од секаков вид на дискриминација. Секој од нас може да има влијание врз Иран, сите ние ја имаме таа одговорност.