- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либија: Загриженост и надеж додека бунтовниците навлегуваат во Триполи

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Либија, Citizen Media, Војни и конфликти, Најважни вести

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Либиското востание од 2011 година [1].

Додека либиските бунтовници напредуваат кон главниот град Триполи, Либијците ја споделуваат надежта и стравот преку Твитер. Еве дел од разговор кој беше поставен на Твитер вечерва.

Ghazi Gheblawi пишува:

@Gheblawi [2]: Не можам да одречам дека нечии апокалиптични визии за #Tripoli ми одат на нерви и ме вознемируваат, но да останеме позитивни и да се надеваме дека ќе заврши брзо.


Volunteers at Free Libyan Army training camp in Benghazi learn how to use weapons. Image by Tomasz Grzyb, copyright Demotix (27/04/2011). [3]

Доброволци на Слободната Либиска Армија, учат како да ракуваат со оружје, во камп за обука во градот Бенгази Фотографија од Томаш Грзајб, авторски права Демотикс (27/04/2011 год.).

Во претходен натпис тој прибележува:

@Gheblawi [4]: Се јавив на моето семејство во #Tripoli пред неколку минути, нема струја во нивната област, со прекини од синоќа, татко ми е одлучен, моралот е на високо ниво. #Libya.

ChangeInLibya додава:

@ChangeInLibya [5]: @Gheblawi овде е исто, зборував со мајка ми претходно и таа беше екстремно загрижена за нашите роднини заглавени во Триполи. (Господе имај милост)

Armchair Arab одговори:

@ArmchairArab [6]: @Gheblawi @ChangeInLibya Повеќето од мојата фамилија е исто во Триполи, им се јавувам секоја вечер, ми изгледаат дека се во ред.

Libya United се приклучува на дискусијата со оптимизам.

@Libya_United [7]: @ChangeInLibya @Gheblawi  Никој од моето потесно семејство не го напушти Триполи. Бидете позитивни. Хаосот е неизбежен, но сигурен сум дека ќе мине брзо.

Nadia Maddox споделува слични размислувања. Таа пишува:


@NadiaMaddox
: @FromJoanne @Gheblawi И јас имам родители и други блиски роднини во Триполи:( Се надевам дека дека ќе заврши наскоро и дека нема да биде премногу насилно.

Во меѓувреме, Нусабиа покажува поголема вознемиреност. Таа пишува:

@QdiyatnaAlhuria [8] (Нашата кауза е нашата слобода.) Најлошото чувство е да не знаеш што ќе се случи со твоето семејство и пријатели и да не можеш да бидеш таму.#Tripoli #Tajoura

Мријам Адарат пак, покажува доза на расположеност:

@Ummustafa78 [9]: @Gheblawi @ChangeInLibya Гадафи отсекогаш бил лош преговарач, се надевам дека ќе си замине кога „борците за слобода“ ќе бидат пред Триполи.

И Либија ТВ заклучува:

@libyatv [10]: @Gheblawi постои несигурност, но Гадафи нема повеќе да биде во Триполи. ГАДАФИ НЕМА ПОВЕЌЕ ДА БИДЕ ВО ЛИБИЈА. Се разбира ова е позитивно!!

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Либиското востание од 2011 година [1].