Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Добредојде на светиот месец Рамазан

Муслиманскиот свет месец Рамазан, кој започна во понеделник, има особена арома во Египет, каде улиците се декорирани по тој повод. Еден блогер не води во срцето на дејствието и ни ја отсликува свеченоста.

Египетскиот блогер Саса, на нејзиниот блог Приказни од минатото цитира еден извештај објавен на египетската веб страница Масрави, која неодамна објави приказна за тоа како Египет е подготвен да го пречека светиот месец.

КАИРО – еден извештај за иранската новинска агенција споменува дека Рамазан има поинаква арома во Египет, особено тоа се должи на наследените традиции кои се задржани и одржувани од египетските семејства стотици години наназад, некои датираат уште од времето на Фатимите. Скоро да не може да се најде една улица во Египет без декорации, кои му посакуваат добредојде на светиот месец. И до стартот на месецот, египетските улици достигнуваат 180 степени, со малите деца натпреварувајќи се да имаат најубава улица во областа, со декорации и закачување на обоени знамиња.

Таа продолжува:

Исто така ретко може да се најде улица без продавница која продава Фаванис [традиционални фенери, светилки] или оние за снабдување на храна за Рамазан, сега подобро познато како Рамазанска торба. Таквите торби содржат основни прехранбени продукти кои ги купуваат богатите за да им раздаваат на сиромашните и луѓето со ниски приходи, со тренд кој секоја година се зголемува, да застане рамо до рамо покрај Масата на милостина [храна гозба за сиромашните], која рефлектира солидарност помеѓу Египќаните и покрај тешките економски услови кои ги искусуваат сиромашните класи во Египет.
И во турата низ бројните Египетски улици за набљудување на овој феномен, почетната точка беше Гиза, каде продавниците за Фаванис беа распрскани насекаде, со освежителни продажби.

Таа исто така споменува и нов тренд помеѓу двојките во Египет:

И новиот тренд оваа година, е дека Фаванис светилките не се повеќе омилени само меѓу децата, туку тоа исто се проширува кај возрасните, каде верените двојки сакаат да си подарат Фаноус (еднина за Фаванис) за својот вереник/чка, како симбол за оптимизам да се влезе во среќен брак.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.