- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хор од Порторико донесе малку радост на небото

Категории: Кариби, Латинска Америка, Порторико, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Политика

Патниците на еден лет од Еквадор беа изненадени кога неколку од нивните сопатници —хорот на универзитетот Порторико во Кајеј—започнаа со акапела изведба на Amanecer borincano (Боринквенското изгрејсонце) како што слетуваа во Порторико. Боринквен или Борикен е називот за островот на домородното население Taíno.

Некои патници го фатија моментот на видео, кое стана вирално на социјалните мрежи.

Порторико во моментов поминува низ тешка економска криза, како и екстремна суша. “Amanecer borincano,” напишана од Алберто Карион, зборува за убавината на островот и луѓето, за традициите, за надежта, и за иднината.

Хорот го претставуваше Порторико на музички настан во Еквадор.