- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Барања за триумфален пречек за параолимписката шампионка

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Велика Британија, Македонија, Граѓански медиуми, Жени и род, Спорт
Оливера Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова. Промотивна фотографија од On.net [1].

Македонските корисници на социјални медиуми бараат [2] државата да организира прослава за Оливера Наковска-Бикова, која освои златен медал во стрелаштво [3] во финалето на Параолимписките игри во Лондон, откако на квалификациите собори светски рекорд.

Досега, успешните индивидуални спортисти, особено жените, како европскат шампионка во карате за 2011 г. [4], Наташа Илиевска [5], не беа удостоени со спектакуларен пречек [6] каков што им беше овозможен на репрезентативците кои стигнаа до 4 место на Европското првенство [7] (при што ја имаа победено Грција [8]).

Многумина (1 [9], 2 [10]) сметаат дека е срамота што ниту една телевизија не го започна вечерниот дневник со вест за подвигот на Наковска-Бикова. Додека Македонија бележи многу скромни олимписки резултати, параолимпијците имаат освоено [11] златен и сребрен медал, во 1992 односно 2004.