Покрај прекрасните насмевки, светкавата круна и големата публика, во понеделник навечер, Мисицата на Мексико за 2010 година – Химена Наварете победи на овогодинешниот натпревар за Мис на универзумот, кој се одржуваше во одморалиштето и казино Менделеев залив во Лас Вегас, Америка. Како водители, Натали Моралес и Бред Мајкл, ги претставија прекрасните натпреварувачки во неколку различни категории и корисниците на Твитер низ целиот свет ги споделуваа своите коментари, кои се означуваа со вој хаштаг (#missuniverse и шпанската верзија, #missuniverso), покажувајќи ги големиот интерес и поддршка. Корисниците на Твитер во Мексико, поединечно, покажуваа некои возбудливи коментари во текот на шоуто и после него.
Хорхе Миранда (@Georgepogoda) предложи Мексиканците да прослават кај споменикот за ангелот на слободата, еден од најрепрезентативните симболи на главниот град, Мексико Сити:
Si gana la de México nos vamos al angel? #missuniverso
Кога мексиканската натпреварувачка беше прогласена за победничка, веднаш почнаа да се поставуваат Твитер пораки. Овој коментар беше поставен од Алекс Торес (@psicoloco), во кој ги спомена двата најважни национални вести: прославата на “Bicentenario” (прослава на 200 години од мексиканската независност) и новиот закон со кој се дозволува геј паровите да посвојат деца:
“Bien! Tenemos #MissUniverso por 2da vez! Esto es para celebrar el #Bicentenario y las #BodasGay!”
Друг Твитер корисник, Жилберто Руис (@gilber7), одговори цинички:
TENDREMOS NARCO! TENDREMOS VIOLENCIA!! NUESTRO GOBIERNO VALE MADREEEE!! PERO DE QUE SOMOS BONITOOOOOOS!!! LO SOMOS!!! #MissUniverso
ИМАМЕ И НАРКОМАНИ! ИМАМЕ И НАСИЛСТВО! НАШАТА ВЛАДА НЕ Е НАЈДОБРА! НО АКО НЕ ПРАШААТ ДАЛИ СМЕ НАЈУБАВИ, НИЕ СМЕ!!! #MissUniverso
Откако Наварете беше крунисана, други важни настани земаа место во државата. Како што Хуго Комачо (@hugocamacho) извести:
Mientras la MEXICANA estaba siendo coronada como la #MissUniverso un terremoto de magnitud 6,4 sacudió la costa oeste de México.
Сеизмолошкиот центар во Мексико ја потврди информацијата.
Антуан Диаз (@antuan_diaz) спомена за националниот фудбалски тим во Мексико во својата порака на Твитер:
11 hombres mexicanos de la selección no pudieron con la #WORLDCUP .. pero 1 sola mujer pudo con #MISSUNIVERSO Felicidades C:
Фавиола Мартинез (@favyprincess), како и многу други, го покажа своето воодушевување:
VAMOS por el MARIACHI y unos TEQUILAS para celebrar #MissUniverso
Заира Алварез (@zay_alvarez) коментираше на реакциите во други случаи кога Мексиканците биле први во светот:
Cuando estudiantes del IPN o la UNAM ganan concursos mundiales de ciencia a todos les vale madres, pero no fuera #missuniverso porque ahí sí
За крај, Мисот на универзумот 2010 го покажа нејзиниот ентузијазам преку лична порака од својот Твитер профил (@ximenaNR):
Gracias a todos …los amo!!!!! Los veo al rato!