- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либија: Сеќавање на Мохамед Набу

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Либија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство

Овој напис е дел од специјалното покривање на немирите во Либија 2011 година [1].

Голем број на луѓе на Твитер му оддаваат почит на Мохамед Набу, основачот на либиската АлХура телевизија. Набу беше убиен [2] на 19 март во огнена пресметка додека снимал.

[3]Познат како ,,Мо“ на многуте негови обожаватели, Набу на домашните гледачи, како и на оние од другите држави, им ги пренесе насилните операции на Муамер Ал Гадафи врз бунтовниците. Тој емитуваше во живо и искрено говореше за ситуацијата од неговата база во Бенгази, од неговата АлХура телевизија и други снимени разговори со неколку меѓународни медиуми.

Според неговите многубројни обожаватели, духот на Набу го слави денешниот развој во Либија.

Енди Карвин од НПР (Државно јавно радио) вели:

@acarvin [4]: Каде и да си Мо Набу: изгледа дека победуваш. Твојот пламен ник0гаш не згасна, бидејќи е насекаде.

Али Хашем од Ал Џезеира пишува на Твитер:


@alihashem_AJA
: На овој ден би сакал да се сеќавам на големиот Мохамед Набу; сигурен сум дека ги гледаш од небото со насмевка… почивај во мир хероју

Елизабет Д-Нилсен вели:

@bettan13 [5]: Невозможно е да се гледаат денешните настани без да се помисли на Мо Набу! Почивај во мир!  Ти не изгуби! #Либија #Триполи

И Фридрих Каудер се сеќава:

@fkauder [6]: Се сеќавам како го гледав првото емитување на Мо Ал Набу. Неговиот сон конечно се исполнува. #Триполи #Либија

Овој напис е дел од специјалното покривање на немирите во Либија 2011 година [1].