Сингапур: Дали блогерите што пишуваат за храна треба да добијат бесплатни оброци?

Блогерот од Сингапур кои пишува за храна, Бред Лау (челичната госпоѓа готвачка), беше обвинет од еден ресторан за лошо однесување, кога тој и неговите пријатели одбиле да ја платат храната која ја нарачале во ресторанот. Инцидентот веднаш иницираше жешки онлајн дебати за етиката на блогирањето за храна.

Ова е верзијата на Бред за случката:

Приказна: Според статиите во весниците изгледа дека јас сум го посетил ресторанот на мој трошок, сум излегол од него и сум се прогласил за блогер кој пишува за храната.
Факт: Ова не е точно. Јас бев поканет за да ја дегустирам храната, од Мелани, ПР менаџер на ресторанот.

Приказна: Беше објавено дека ресторанот решил трошокот за оброците на мене и моите партнери да биде на нивна сметка, како знак на добра волја.
Факт: Ова беше покана за дегустација на храна… Бидејќи сум бил дел и од останати дегустации претходно, претпоставував дека јадењата ќе бидат на трошок на ресторанот. Јас не очекував да ми донесат сметка за она што го дегустиравме јас и моите партнери. Кога прашав, Мелани рече дека тоа е дел од индустриските стандарди за дегустација на храна: дека ресторанот плаќа само за еден партнер на дегустаторот.

Приказна: Беше објавено во весниците дека јас сум рекол: „Јас секогаш добивам бесплатна храна каде и да одам“.
Факт: Ова никогаш не беше кажано. Како и да е, морам да признам додека плаќав не се понашав културно (ја фрлав мојата кредитната картичка на масата), за што навистина се извинувам.

Менаџментот на ресторанот во весниците изјави:

Ние сакаме оваа прилика да ја искористиме за да сугерираме на можна формација, дел од управувачкото тело или асоцијација, која ќе промовира пристоен начин на однесување поврзан со блогерската етика. Треба да се имплементираат некои насоки и политики со цел да се избегнат слични вакви ситуации.

ксиаксу дава критика кон ресторанот за навреда на поканет блогер:

Не ви се допаѓа блогерот? ДОБРО. Не го поканувајте повеќе. Дури можете да плукнете во неговата чинија со храна кога ќе дојде нареден пат, ако сакате.

Но на другите блогери да им давате информации за неговото доцнење или за подолго заседнување во бифето? НИСКО, МНОГУ НИСКО.

На МОЈАТА ГУРМАНСКА СИРЕНА 2 не ѝ се допаѓа идејата за тоа блогерите да присуствуваат на настани за дегустација на храна, без да бидат поканети

Добро е тоа што рестораните покануваат блогери-гурмани за дегустација на храна но дефинитивно не по обратен редослед. Интегритет е зборот, луѓе. Ако навистина блогирате затоа што се пасионирани за храната, ова доведува до расправија.

Дневникот на Даниел потсетува за оние кои се заинтересирани да блогираат за храната

Некои од моите пријатели мислеа дека да блогираш за храна е привилегија заради бесплатни оброци, реклама и потпишувања. Но повеќе блогери кои јас ги познавам ги немаат овие привилегии. Јас знам дека не заслужувам ни цент од тоа што го правам. Нула.

Забелешка до сите оние кои сакаат да блогираат за храна, вие навистина треба да ги сакате и храната и пишувањето. Јас давам збор дека никогаш не се работи за бесплатна храна. Трошењето 2-3 часа за пишување, уредување и едитирање на слики за еден бесплатен оброк (ако веќе го добиете), верувајте не вреди. Кредибилитетот и објективноста не може да се купи. Мора да се утврди, полека и засекогаш.

Овој случај отиде во крајност и вистината е дека сè уште сакам да ги читам статиите на челичната госпоѓа готвачка (без оглед дали барал или не бесплатен оброк). Ајде да се вратиме на темелите на блогирањето за храна – да го споделуваме задоволството од храната. Барем јас така гледам на работите.

И менаџментот на ресторанот и блогерот имаа свои недостатоци, според блогер од Мелбур – Социјална сцена во Мелбурн

Јас навистина не го разбирам ова ПР – поканување за дегустирање на храна во Сингапур. Како што реков погоре, верувам дека за пристојно да претставите искуство од ресторан треба да бидете незабележан, како не би добивале специјални и посебни услуги и придобивки. Според мене, тоа води кон „како ти мене, така јас тебе“, кое пак води до необјективност на блогирањето за храна. Но, како и да е. Во секој случај, мислам дека тоа доведе до претпоставка тој да донесе пријатели со себе. Уште повеќе, професионалноста на ПР-от се сруши со тоа што не му даде одговор за настанатото недоразбирање.

Ed Unloaded сугерира на неколку совети за оние кои блогираат за храна:

Можеби блогерите треба да ги етикетираат своите постови повеќе, особено ако тие се платени.

Блогерите треба да имаат ниво на интегритет. Јас навистина не сакам да им препорачувам на моите пријатели навистина лош диететски производ со кои ќе страда нивниот џигер во блиска иднина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.