- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кинески научно фастастичен роман за културната револуција ја доби наградата „Хуго“ за најдобар роман

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Идеи, Книжевност, Уметност и култура, Филм
Наградата за најдобар роман на наградите „Хуго“ во 2015 година ја доби кинескиот писател Лиу Циксин. Слика: кориците за првите две книги од трилогијата на Лиу.

Наградата за најдобар роман на наградите „Хуго“ во 2015 година ја доби кинескиот писател Лиу Циксин. Слика: кориците за првите две книги од трилогијата на Лиу.

Оваа година наградата за најдобар роман оди во рацете на [1] поранешниот кинески иниженер Лиу Циксин и неговата книга „Трителесен проблем“ – прв дел од неговата трилогија.

Преведен од американскиот автор Кен Лиу [2], на овогодинешното доделување за првпат престижната награда е доделена на кинески автор и воедно и на азиски автор воопшто, и e првпат превод на дело да освои награда.

Книгата „Трителесен проблем“ е првично објавена како серијал во локално списание во 2006 година, и е приказна за инвазија на вонземјани за време на периодот на кинеската културна револуција [3], каде луѓето што се на страната на вонземјаните се отфрлени и се сметаат како непријатели на оние кои ја бранат човековата раса – со малку надворешна помош.

Иако квалитетот на пишувањето не беше оспорен од читателите, победата на Лиу не беше само за неговиот роман. Стриктно хомогена [4] група на американски писатели и читатели направи заеднички напори да искриват резултатите од гласањето за да се задржи наградата во нивниот круг според политичките наклоности на самите автори. Но кампањата на „Збеснати кутриња“ им се удри од глава [5], кога нивниот промовиран кандиат и фаворит за наградата, Марко Клос, најави дека ја повлекува [6] својата номинација за наградата и се дистанцира од истите кругови, што го постави Лиу како избор на гласачите.

 

Многу е иронично што „Бригадата на кутриња“ се обиде да го намести гласањето на наградите „Хуго“ и завршија со помалку очекуван резултат. Со тоа на ум, немаше ни многу разлика во начинот на кој обожавателите на „Трителесен проблeм“ се обидоа да го преплават гласањето. Не поднесувам кога делата се судат стрикно според политичка корентност, но „Кутрињата“ овојпат навистина отидоа предалеку. Во секој случај, не може да е се толку лошо за првпат автор од копното на Кина да добие награда „Хуго“.

 

Во Кина интересот за „Трителесниот проблем“ беше помалку фокусиран на неуспехот на кампањата на „Кутрињата“ а повеќе [8] кон филмската адаптација на книгата, која започна со продукција во март годинава. Фановите стравуваат дека домашната продукција нема да му го даде на филмот третманот на високобуџетен холивудски филм, што чуствуваат дека книгата го заслужува.

Авторот Лиу Циксин, кој исто така е и извршен продуцент на филмот, во повеќе интервјуа рече [9] дека нема време да чека понуда од Холивуд затоа што најверојатно планетата ќе биде уништена од вонземјани во секој момент. Но, Лиу исто така посочи филмови како „Јапонија тоне“ [10], чија понова преработка од 2006 година беше многу инфериорна во однос на оригиналниот филм од 1973 година кој е направен без компјутерски ефекти.

Новинарот и гласен фан на книгата „Трителесен проблем“, Мајкл Анти, вели дека ова е едноставно цената што треба да се плати за таквата интернционална признаеност на романот.

Штета што книгата „Трителесен проблем“ не добри награда „Хуго’ наградата доволно брзо за да може да се потпише договор со холивудски режисер кој би го снимал филмот, и наместо тоа ќе биде упропастена од некој кинески режисер кој не го бива за ништо.

Режисерот на филмот е Жанг Фанфан кој ги откупи авторските права за трилогијата [13], уште во 2009 година кога Лиу го средуваше серијалот како пакет книги. Многумина се скептични околу тоа како ќе се покажат филмовите затоа што дадената продукција не се вбројува помеѓу најдобрите од оние кои кинескиот филмски сектор може да ги понуди.

Политички коректен парадокс

Наградата „Хуго“ најверојатно ќе донесе читатели вон заедницата на научна фантастика. Друг писател на научна фантастика, Баошу, се плаши дека [14] критичарите ќе го уништат Лиу:

真心觉得大刘不容易,以前自己想写什么写什么,现在吸引太多人的注意,新作写出来如果不严谨给硬科幻迷骂,文笔没有逼格给文评家骂,塑造的女性不如意给女权骂,设想的未来不够普世价值给右派骂,太普世了也许根本出不了……要真想方方面面周全,就永远写不出新作了。

Ова го става Лиу во незавидна позиција. Претходно, тој можеше да пишува за сè што сака, но сега откако привлече толкаво внимание, ако науката во неговото следно дело не е совршена, ќе си го добие од своите сопствени фанови. Ако структурата не му е на место и како што треба, ќе го чуе тоа и од литературните критичари. Исто така може да има и проблем со феминистичките движења ако неговите женски ликови не ги исполнат очекувањата, и од либералите ако неговата замисла за иднината не е доволно либерална, но и да е би била премногу либерална не би ја имало… ако ги земе сите овие барања и очекувања предвид, нема веќе никогаш да напише нешто.

Кинеските читатели на научна фантастика, од кои повеќето не се фанови на политичката коректност, истакнаа [15] дека начинот на кој расата и жените се претставени во „Трителесен проблем“ е веројатно поблиску до вкусовите на десничарските „Кутриња“ – одошто не е.

Но тука е и авторската естетика на која кинески режисер најверојатно би морал да остане верен – според писателот Стар Ривер:

Научната фантастика во „Трителесен проблем“ е навистина импресивна, но како роман, низ книгата провејува тоталитаризам и авторитаризам. Поголемиот дел од научната фантастика произлегува од очај кон реалноста, од она што е неодмиливо како што е направено, рефлектирајќи ги вредностите и светогледот на самиот автор. Затоа е и прикладно (инвеститорот) Конг Ергоу да го направи филмот, тоа ќе биде дел од истиот проект [18].

Дури и со целата неверодостојна наука во научната фантастика на Лиу Циксин, настрана неговите вредности и книжевни вештини, неговата имагинција далеку ги надминува повеќето од современите кинески автори на научна фантастика. Авторитаризмот ги соголува луѓето кои поседуваат остроумост, имагинација, и способност да се изразиш себеси, и тоа долго ја држело литературата на модерен кинески јазик на многу ниско ниво. Инфериорноста е таен договор помеѓу авторот и публиката, а исто така и карактеристика на авторитаризмот.

Лиу Ди, дисидентот и писател на научна фантастика кој го користи псевдонимот „Стаорец од не'рѓосувачки челик“ додаде:

Случајна шпекулација: првиот дел од трилогијата беше награден за одрекување од културната револуција, но тоа што последователните две книги не се вклопуваат во американските вредности, ги прави да немаат шанси за понатаму.

Вториот дел од трилогијата, „Црната шума“ беше објавен на англиски јазик месецов [21], а последниот дел е веќе во процес на преведување.

Неделава, Лиу Циксин на форум на Интернет [22], кој е популарен кај сегашните и претходни студентите од Универзитетот Цингуa, се заблагодари кажувајќи го следново [23]:

最想感谢的还是本书的读者,感谢他们分享了我的想象世界,在《The Three Body Problem》和其后的两部续集中,展现了一个最糟的宇宙,但像其它的科幻小说一样,在其中人类是做为一个整体出现的,面对着共同的危机和挑战,面对着共同的未来。在宇宙中做为一个整体的而出现的人类,是科幻小说带给我们最珍贵的感受;事实上,在现实中人类也正在变为一个整体,这不用等到外星人到来,为此,科幻小说做出了微小但宝贵的努力。

Оние на кои би сакал најмногу да им се заблагодарам се моите читатели, со кои го споделив овој имагинарен свет. „Трителесен проблем“ заедно со следните две книги, го открија навидум најлошиот вид на универзум, но како што е случај во повеќето научнофантастични романи, луѓето во нив се здружуваат кога се соочени со заедничка закана и предизвик, и заедничка иднина. А здружувањето на луѓето како еден ентитет во универзумот е убавината што ни ја дава научната фантастика; впрочем во реалноста, луѓето се здружуваат заедно како едно во истиов момент, не треба да чекаме да се појават вонземјани за тоа.