Она што можеби би започнало како мода или хоби сега е изразување уметност која постојано се гледа по градските улици и ѕидови низ целиот свет. Аргентинците Алехандро Гуери, Фернандо Аита и Томи Лукадамо не покануваат да погледнеме, споделиме, истражиме и создадеме преку нивниот блог Escritosenlacalle (Натписи по улиците):
Mirar la ciudad con otros ojos, pensar y charlar sobre lo que nos dicen las paredes. Compartir fotos de graffiti, ubicarlos en un mapa, trazar relaciones. Recorrer el paisaje urbano prestando atención a lo que las personas escriben y pintan en los espacios comunes. Construir un archivo visual, lingüístico, de tipografías, de las ideas y sentimientos que se expresan en la calle.
Проектот GRaFiTi им дозволува на уметниците или подобро кажано на секој граѓанин, да праќаат слики од графити и да ги постават на мапа за да се види каде тие се наоѓаат. Проектот започна со собирање графити од Буенос Аирес, но сега исто така може да се видат слики од урбана уметност од другите аргентински градови како што се Неукен, Кордоба или Росарио. Можат да се најдат дури и слики од графити од градови по другите држави, како Сантиаго (Чиле), Санта Круз (Боливија) и Монтевидео (Уругвај). Алехандра Инзунза пишува за проектот во Јоробоку:
En 2010, tres colegas argentinos (Alejandro Güerri, Fernando Aíta y Tomy Lucadamo) montaron una página web para registrar todos los grafitis interesantes que había en las paredes. Empezaron por fotografiarlos y publicarlos en Escritosenlacalle para construir un archivo visual y lingüístico de tipografías, ideas y sentimientos expresados en la calle. Desde entonces, el proyecto no para de crecer. Los lectores envían por mail escritos que se encuentran en los muros y dejan su dirección exacta para construir un mapa digital del grafiti y la poesía que se esconde en él.
Блогот ги дели сликите на корисниците по категории. Во категоријата „Делириос“ (делириум) можат да се најдат слики како оваа:
Ова е графит во категоријата „Прегунтас“ (прашања):
Како што може да се очекува од Аргентински блог, исто така има и категорија наречена фудбал:
Проектот доби поддршка од повеќе субјекти, како што се „Национална стипендија за групни проекти 2009“ од Националниот фонд за уметност на Аргентина и „Фонд за творци на писма и мисли“ од Метрополитниот фонд за култура, уметност и наука на градот Буенос Аирес.
Со притискање на Мандар графити (прати графити) вие може да ги пратите вашите фотографии од улична уметност. Исто така, можете да го следите проектот на Фејсбук, Твитер и Фликр.