- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Арапски свет: „Асад, ти си следен после Гадафи“

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Либија, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Најважни вести, Политика

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011 [1] и Побуните во Либија 2011 [2].

Како што истекува времето на либискиот лидер Муамер Гадафи, корисниците на Твитер ги испраќаат своите предупредувања до сирискиот претседател, Бахар ал Асад, да следи внимателно и да ја напушти власта.

Султан Ал Касеми од УАЕ, пишува на Твитер:

@SultanAlQassemi [3]: Гледаш ли Бахар? Ти си следен. #Сирија

Либиан Либеја предупредува:

@Freedom_7uriyah [4]: Сè што имам да кажам на Асад е да следи внимателно што се случува во #Либија, ти си следен. #Лагите на Асад нема да те однесат далеку.

Пикасо Кат предупредува:

@Picassokat [5]: Асад, дали слушаш чекори? Судбината на Гадафи ќе биде решена за неколку часа и тогаш сите очи во светот ќе се фокусираат на тебе #Сирија #Либија

И новинарот на ЦБС, Тула Влаху, се прашува:

@ToulaVlahouCBS [6]: Што се случува во Сирија сега?. #Асад размислува додека го гледа паѓањето на #Либија?

Терорист Данки нуди неколку совети на Ал Асад:

@TerroristDonkey [7]: #Асад треба да снимиш неколку говори како #Гадафи бидејќи доаѓа и твојот ден. #Сирија #Либија

Додека пак Мејсалун од Сирија, вчеравечер на Твитер напиша:

@Maysaloon [8]: Има еден човек кој ги следи настаните во Либија многу внимателно вечерва. Бахар Ал Асад #Сирија

Дали Асад ќе биде четвртиот арапски лидер по ред кој ќе падне по Гадафи, тунискиот Зине Ал Абедине Бен Али и египетскиот Хосни Мубарак? Останете да ги следите реакциите од социјалните медиуми.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011 [1] и Побуните во Либија 2011 [2].

Сликата од сирискиот претседател Бахар Ал-Асад е од Фабијо Родригез Позебом / АБр [9] (достапна јавно преку Викикомонс).