Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011 и Побуните во Либија 2011.
Како што истекува времето на либискиот лидер Муамер Гадафи, корисниците на Твитер ги испраќаат своите предупредувања до сирискиот претседател, Бахар ал Асад, да следи внимателно и да ја напушти власта.
Султан Ал Касеми од УАЕ, пишува на Твитер:
@SultanAlQassemi: Гледаш ли Бахар? Ти си следен. #Сирија
Либиан Либеја предупредува:
@Freedom_7uriyah: Сè што имам да кажам на Асад е да следи внимателно што се случува во #Либија, ти си следен. #Лагите на Асад нема да те однесат далеку.
Пикасо Кат предупредува:
@Picassokat: Асад, дали слушаш чекори? Судбината на Гадафи ќе биде решена за неколку часа и тогаш сите очи во светот ќе се фокусираат на тебе #Сирија #Либија
И новинарот на ЦБС, Тула Влаху, се прашува:
@ToulaVlahouCBS: Што се случува во Сирија сега?. #Асад размислува додека го гледа паѓањето на #Либија?
Терорист Данки нуди неколку совети на Ал Асад:
@TerroristDonkey: #Асад треба да снимиш неколку говори како #Гадафи бидејќи доаѓа и твојот ден. #Сирија #Либија
Додека пак Мејсалун од Сирија, вчеравечер на Твитер напиша:
@Maysaloon: Има еден човек кој ги следи настаните во Либија многу внимателно вечерва. Бахар Ал Асад #Сирија
Дали Асад ќе биде четвртиот арапски лидер по ред кој ќе падне по Гадафи, тунискиот Зине Ал Абедине Бен Али и египетскиот Хосни Мубарак? Останете да ги следите реакциите од социјалните медиуми.
Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011 и Побуните во Либија 2011.