- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија, Грузија: Еднострано признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија

Категории: Источна и Централна Европа, Централна Азија и Кавказ, Грузија, Косово, Русија, Србија, Украина, Владеење, Војни и конфликти, Закон, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Човекови права

Денес Русија формално ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија. [1] Подолу ќе најдете некои од првичните реакции од кириличниот сектор на ЛајвЏурнал (ЛЏ).

Рускиот корисник на ЛЏ шоладеми (Самсон Шоладеми) пишува [2] (руски):

[…] Сега почнува најинтересниот дел… Линијата е помината, да речеме. Иако, во последните две недели откако започна војната во Грузија, за првпат во многу години не се чувствувам револтирано и критички настроен кон сè што ќе направи Русија (и покрај мојата „љубов“ кон Путин и компанија). Напротив, сè беше коректно изведено. Да живее изолацијата! Хм… А што мислите за признавањето на независноста на Абхазија и Јужна Осетија?

Неколку коментари:

Ликс:
Изолација – тоа е добра поента. Наскоро ќе патуваме во рамките на строго дефинирани граници, така? Збогум Индија, догледање Америка […]?

***

сцхтв_грл:
Мислам дека барем можеме да се гордееме со својата земја! Без разлика колку е контроверзна целата работа, без разлика колку нè обвинуваат за двојни стандарди, станавме силни! Русија се враќа! Придружете и се на акцијата! […]

***

жења_жења:
…………..Не ми е гајле……….Ни најмалку……..

***

Кирил_праха:
Мислам дека оние кои живеат во Русија и сакаат да патуваат низ светот треба да почнат да размислуваат за преселба. Или да добијат двојно државјанство, што е тешко.

***

Сетнаг:
Супер. Сега огромната река пари на руските даночни обврзници ќе почне да се слева кон овие нови „братски републики,“ по ѓаволите, кон смрдливите [жители на Кавказот].

Грузиско-украинскиот корисник на ЛЏ ваксо (Вахтанг Кипиани) напиша [3] (украински):

[…] Ти си будала, Медведев. Ниту една нормална држава нема да ја поддржи Русија. Сега ќе видиме како изгледа директна конфронтација со светот.

Неколку коментари:

јангел:
Вакво сценарио беше очекувано (

***

вибел:
Имам впечаток дека последниве неколку недели [на нив не им беше гајле и правеа што сакаа]. А за [Медведев], мислам дека тој не ја имаше водечката улога во ова.

ваксо:
Точно, но тој ја потпиша одлуката. И законски, тој е одговорен за тоа.

[…]

јангел:
[…] Во еден момент, Турција еднострано ја призна независноста на Северен Кипар – дали мислите дека Турција ги помина сиве овие години во меѓународна изолација?

***

денико76:
Со толку многу нафта, Русија може да си дозволи само-изолација. Но не ми е јасно зошто би претпочитале изолација и да бидат опколени со „круг на омраза“ наместо нормални пријателски односи со соседите.

***

стил_арчер:
Олигарсите ги чуваат своите пари во швајцарски банки, а нивните вили се во Лондон. Ќе видиме каква изолација ќе биде ова )))

***

а_кулик:
Нема да има конфронтација со светот. Да немаше Косово, ќе имаше конфронтација. Но по Косово, сè ќе биде во ред за Русија. Америка ја размени Јужна Осетија за Косово.

***

ледилид:
И овие луѓе не им дозволуваат на другите да го признаат Косово… […]

***

агрп_хтб:
Директна конфронтација со кого? Со малата, но горда Естонија? Дали сеуште верувате дека има „конфронтација“ помеѓу САД и Руската Федерација? […]

Корисникот на ЛЏ од Грузија дџдрајв (Миша Тавкелиѕе) пишува [4] (руски):

Изгледа дека Путинодведев скроз полудел. Во што ја вовлекуваат својата  земја?

1. Војна
2. Економска пропаст
3. Дисинтеграција

Руси, сите кои можете, напуштете ја земјата додека завесата е сеуште крената! Подоцна ќе биде невозможно да се добие виза.

Еден од коментарите:

Динанклг:
Ама ајде ти се молам. Ние сме навикнати на тоа.

Грузиско-руски корисник на ЛЏ сом пишува [5] (руски):

“Русија, ти полуде” (c)

Се сеќавам на нашиот одговор на прашањето на професорот по цивилна одбрана: Што треба да направите ако видите нуклеарна печурка на хоризонтот?   – Ставете си бел чаршав врз главата и лазете до гробиштата.

Изгледа идиотите веруваат дека можат да победат во третата светска војна.

За време на Карипската Криза, Кенеди и Хрушчев имаа доволно здрав разум да запрат 20 минути пред катастрофата. Дали и овие ќе имаат? Навистина не сакам да проверам.

Некои од коментарите:

Пса_98:
Твојата прекрасна земја (а посебно два од нејзините региони,  [Абхазија и Јужна Осетија], чијашто популација е помала од Бутово [една од областите во Москва]) навистина не вредат доволно за нуклеарна печурка. Мислам дека Руската Федерација не е во право за овој конфликт, но Саакашивли (и неговите надзорници од Стејт Департмент) еднакво не се во право – и тие го изгубија натпреварот.

***
пилгрим:
[…] Дали мислиш дека Грузија е доволна причина за САД и НАТО да започнат трета светска војна?

луарвик:
Па и принцот Фердинанд и Србија не беа баш некоја причина…

а_гру:
Дали си сигурен дека само американците и НАТО можат да започнат војна? Зарем навистина нема никој друг?

***

пиндл:
[…] Мислам дека Европа ќе ни се заблагодари – тивко, се разбира. Ја затворивме ситуацијата, создадовме нов, долготраен и стабилен status quo, што е многу поповолен за Европа од претходниот […]

Корисникот на ЛЏ физик_алфа пишува [6] (руски) во делот на ЛЏ ру_политикс:

Лично, ја жалам Абхазија. Ги изедначија со крадците од Јужна Осетија. Можеше добро да им оди со туризмот… Споро, можеби, но сами и без крв. А сега насилниците од Кремлин ќе земат сè за себе од таму.

Неколку коментари:

вјача:
Абхазијците не се толку наивни кога се работи за странски инвестиции. Според нивните закони, странска компанија (дури и руска) не може независно да се вклучи во, да речеме, градежниот бизнис таму, не можат дури ни да отворат претставништво таму. Она што е можно се инвестиции 50/50 со абхазијско [физичко или правно лице] […]. Мислам дека сега нема многу да се смени. Тие знаат како да ги бројат своите пари.

***
афх237_в7:
Јас бев [во Абхазија] пред неколку години и научив многу интересни работи. Се чини дека многу туристички објекти […] веќе се купени (изнајмени на 50 години, зошто уставот на Абхазија не дозволува да се продава земја на странци) од страна на момците од Москва.

Корисникот на ЛЏ димитриврубел објави [7] графикон [8] којшто илустрира што се случи руските берзански акции [9] откако Димитри Медведев ја објави веста за Абхазија и Јужна Осетија денеска во 15 часот по московско време:

Корисникот на ЛЏ онкел_ханс коментираше (руски):

Во земјите каде економијата владее, вакви работи водат до пад на владата.