Тропската бура Маринг (меѓународно име Трами) предизвика рекордно големи поплави во Метро Манила и во блиските провинции на Филипините, и остави 8 мртви, 41 повредени и 4 исчезнати.
Според владиниот извештај [1], 125.348 фамилии (602.442 лица) биле погодени од бурата. Од вечерта на 20 август, 40.837 лица се се уште засолнети во 198 центри за евакуација. Поради поплавата 65 главни патишта се непроодни. Околу 415 области во 68 општини/градови забележаа поплави. Вкупно 162 летови (59 меѓународни и 103 домашни) се откажани поради бурата.
Филипинците го користеа хаштагот #maringPH и #floodPH за да ја надгледуваат ситуацијата со поплавата во Манила и блиските региони. Подолу се некои фотографии од Твитер и Фејсбук кои го покажуваат степенот на катастрофа од поплавата.
[2]Фотографија од World Vision
[3]Поплавено село јужно од Манила. Фотографија на @erwinlouis
[4]Поплава во Марикина, источно од Манила. Фотографија од страницата на Фејсбук на Prospero De Vera
[5]Фотографија од YouScooper Jefferson Levie, од страницата на Фејсбук на GMA News
[6]Поплавен универзитет во Манила. Фотографија на Salina Teo, од страницата на Фејсбук на TomasinoWeb!
[7]Поплава до колена во Манила. Фотографија на Jam Sisante
[8]Поплава во близина на главната бизнис област во земјата. Фотографија на @siao88
[9]Поплава во близина на градското собрание во Манила. Фотографија на Manila Bulletin
[10]Поплава во Гуагуа, северно од Манила. Фотографија од страницата на Фејсбук на The College Mirror
[11]Поплава во стариот центар на Манила. Фотографија на Philippine Star
[12]Поплава во Макати, централната бизнис населба во земјата. Фотографија на Ryan Chua