Kина: Започнува судењето за случајот на убиец на полицајци прогласен за херој на интернет

Денес почнува судењето на Јанг Џиа, кое беше одложено поради Олимписките игри. Претходно тој беше вклопен откако беше прогласен за херој на интернет за тоа што влезе во полициска станица во Шангај и минатиот месец и уби шест полицајци, наводно поради тоа што бил жртва на неправда и полициска бруталност во минатото.

Вторник попладне е во Кина и многу блогери чекаат да слушнат каква ќе биде пресудата , ако ја објават денес. Пишувањето за тоа не оди баш добро, што може да се види од примерот со адвокатот кој блогира на правни теми Лио Хиојуан, кој во статија на неговиот блог Сина пишува: „Објавена е забрана за промовирање блог-постови со дискусии случајот на Јанг Џиа“.

昨天,有外媒采访我,让我谈奥运期间新闻和言论自由问题,我只好实话实说了。在奥运期间,管理部门不屏蔽外媒网站,我们可以自由地去游览,这确实是一大进步。但是,对网络言论的控制比以前更加严格,很多话题不能谈论,如写了这类博文也会被删除。

想不到奥运结束了,网络言论仍然没有放开。昨晚,我获知杨佳一案开庭的消息,立即写了博文发到各个博客,有的博客照样不给放行。我发在凯迪网猫眼看人论坛中的帖子,也被锁定不能予以回复。

今天上午,我又在该网发了谈杨佳案的帖子又遭锁定,网友不能加以评论和回复

Вчера ме интервјуираше некој странски медиум, сакаа да зборувам за проблемите со слободата на медиумите и на говорот во текот на Олимписките игри. Во текот на олимписките игри властите прекинаа да ги блокираат веб-сајтовите на странски медиуми, и слободно можевме да пребаруваме, ова дефинитивно е голем чекор напред. Но, контролите на изразувањето преку интернет се поголеми од порано и за многу работи не може да се зборува, дури постовите како овој ќе бидат избришани.

Она што не го очекував е тоа што сега кога олимписките игри завршија, интернет разговорите се уште траат. Синоќа слушнав дека почнува судењето на Јанг Џиа веднаш објавив пост на сите мои блогови ; некои како и обично не ми дозволија да објавувам. На форумот Кат 898 ББС отворив дискусија за ова, но сега е затворена па никој неможе да одговори.

中午,我给博客网一位熟悉的编辑发短信,希望能推荐一下博文《上海二中法院为何不在网上公布杨佳案开庭消息》。他回复短信称,有禁令。我又发短信询问,是以前的禁令,还是现在的禁令?他回复我说,以前的还在,现在的也有。

有网友将我的文章发到某论坛上,点击后打开不了。

正如《财经网》记者所说的,这一切是早有周密安排的。

Ова попладне, испратив СМС порака на еден близок пријател кој е уредник на Бокее, надевајки се дека ќе го уредат мојот пост „Зошто Шангајскиот основен суд 2 не ја стави информацијата за судењето на Јанг Џиа на интернет?“ Тој ми одговори: „ Има ред.“ Јас му вратив, прашувајки:„ Дали е стар ред или сегашен?“ Тој ми одговори: „Стариот е сеуште овде, а има и нов исто така.“

Некои нетизени го препратија мојот пост на еден ББС, но ако кликнеш, нема да го отвори.

Баш како што рече репортерот Цаијинг, сето ова беше внимателно испланирано многу одамна.

Еден анонимен коментар беше напишан на Лиуовиот пост:

不让人说话, 只能说明心里有鬼

(2008-08-26 13:43:55)

Со тоа што не им дозволуваат на луѓето да зборуваат, само покажуваат дека нешто кријат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.