Белоруски стендап-комичар што го споредил Лукашенка со ластовичка обвинет за навреда и клевета

Снимка на екран од видетото „Слава Комиссаренко «Меня ищет КГБ»“ (Слава Комисаренко „КГБ ме бара“) на каналот на Јутјуб на Слава Комисаренко. Фер употреба.

Истражниот комитет на Белорусија објавил почеток на специјална правна постапка против белорускиот стендап-комичар Вјачеслав Комисаренко, извести Медуза. Тој моментално живее во странство.

Комисаренко е обвинет за навреда и клевета против  белорускиот претседател Александр Лукашенка.

Комичарот е добро познат по неговите отворени критики на белорускиот режим и неговите безбедносни сили, особено по протестите од  2020 година. Неговата работа го исмејува и Лукашенка и неговиот режим, истакнувајќи ги нивните глупости и недостаток на образование. Поради зголемениот  притисок и закани, во 2020 година Комисаренко избегал од Белорусија во Русија, а подоцна во 2022 година  ја напуштил и Русија, плашејќи се од  потенцијален прогон од белоруските служби.

Комисаренко се смета за главен популаризатор  на мимот „Чик-Чирик“ за Лукашенка. Во една прилика при разговор со комичарот Руслан Бељии, се шегувале за тоа како Александр Лукашенка е единствениот претседател кој не може да оди на одмор бидејќи премногу држави не го примаат. „Ова доведе до смешна шега за тоа како кога на Лукашенка наводно не му дозволиле да се качи во авион, тој одговорил: „Ох навистина, тогаш ќе си летам сам! Чик-чирук,“ објасни Комесаренко. Ономатопејата се однесува на звуците кои ги прават ластовичките, имплицирајќи дека Лукашенка може да патува во странство само ако се претвори во птичка, бидејќи авионските компании не би го примиле.

Следното видео го прикажува Комисаренко како го нарекува Лукашенка чик-чирук и се смее зборувајќи за неговиот недостаток на образование и неукост, како и немање фантазија.

Во април 2023 година, Комисаренко објави дека Германија одбила да му додели хуманитарна виза. Информацијата ја сподели на неговиот канал на Јутјуб со 1,43 милиони претплатници. Тој изјави: 

Германскиот конзул го одби моето барање за хуманитарна виза бидејќи не верува дека е небезбедно за мене да бидам во Русија или Белорусија. А во Шпанија не ми дозволија  да ги легализирам моите средства, бидејќи, очевидно, се работи за валкани пари од валкани шеги. 

Комисаренко сепак успеа да добие виза  за САД по основа на талент.

Комисаренко е роден во Белорусија. Тој претходно има споменато дека морал да отиде од Русија во Киев затоа што КГБ го ставила на списокот на барани криминалци. Споре него, белоруските безбедносни служби „му се јавувале и му праќале текстуалнни пораки“.

Следниот виео клип прикажува интервју на Комисаренко направено од Јури Дуд, многу популарен руски новинар кој живее во прогонство.

Во интервуто со Јури Дуд, Комисаренко исто така откри дека белоруските безбедносни служби ги барале и неговите родители.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.