- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Протестите инспирараат уметност

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Избори, Политика, Протест, Фотографија

Иранци и странци и понатаму создаваат онлајн уметнички дела за поддршка на Иранците кои протестираа на 12 јуни против резултатите од иранските претседателски избори [1].

Минатата недела издадовме [2] повеќе примери во кои „уметноста и протестот се соединуваат“.

Тим Рејнс, американски уметник, создаде [3]еден дизајн во кој искажува солидарност со протестантите.

Дизајнот [4] на Хамед Пурабедин се однесува на загинатите ирански протестанти [5]од минативе две недели. Тој упатува на тоа дека убивањето на протестанти само го зацвстува движењето.

Иранскиот блогер Елика Хeдaјат [6]ги споделува своите уметнички дела на нејзината лична [7] Фејсбук страница.

И овој дизајн е од Елика Хедајат. На персиски е напишан еден протестантски слоган: „Не плашете се, сите сме заедно.“

Нико споделува [8] еден оригинален дизајн од неговиот пријател Патрик:

Ирански уметник свири на пијано и пее во чест на Неда Ага Солтан [9], млада девојка која беше погодена и убиена за време на постизборните демонстрации во Техеран на 20 јуни. Повеќе од 36 900 посетители ја имаат видено оваа снимка:

Погледнете го специјалната страница на Глобал Војсес за иранските избори од 2009 [10].