Ветераните на бугарската хардкор музика донесоа пркос на фестивалот „Хилс оф Рок“

Добромир Ганчев од бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ користи мегафон во тек на настапот на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

На водечкиот бугарски фестивал за рок и метал музика „Хилс оф Рок 2025“ (Hills of Rock 2025), којшто се одржува секоја година во Пловдив, ветераните од бугарскиот хардкор бенд „Урбан Греј“ (Urban Grey – Урбани Сиви), го претворија својот настап во израз на непокор. Во земја каде корупциски скандали, растечки животни трошоци и недоверба во институциите често предизвикуваат протести на улиците, нивната музика ги трансформира тие фрустрации во комбинација од сиров звук и повици за акција.

Добромир Ганчев во тек на настапот на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Добромир Ганчев од бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Бендод формиран пред 25 години од гитаристите Николај „Бебо“ Берберов и Чавдар „Чаво“ Валчев, има изградено репутација за независност. „Живееме тука, ние сме деца на градот… [се нарекуваме] Сиви, бидејќи не се обидуваме да се направиме видливи по секоја цена“, еднаш објасни Бебо. Нивниот избор да останат надвор од комерцијалната музичка машина многу придонесе за бескомпромисната порака. Во една прилика Бебо објасни:

Живеем тук, в града, градски чеда сме и животът ни се върти около града и всичко, което се случва в него. Освен това сме и grey (сиви). Градът ни е сив, ние също, нещо като градски сиви плъхове сме (през смях). Grey сме най-вече, защото не правим нищо, за да се популяризираме и да изпъкваме.

Живееме тука, во градот, ние сме градски деца и нашиот живот се врти околу градот и сè што се случува во него. И ние сме сиви. Нашиот град е сив, како и ние, еден вид градски сиви стаорци (смеа). Сиви сме најмногу затоа што не правиме ништо за да се промовираме и да се истакнеме.

Нивниот избор да останат надвор од комерцијалната музичка машина многу придонесе за бескомпромисната порака.

Николај „Бебо“ Берберов, гитарист на бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Николај „Бебо“ Берберов, гитарист на бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Таа порака често ја критикува реалноста на Бугарија. Во „Решението е проблемот“ (The Solution is the Problem) од нивниот албум од 2014 година „Ера на свесност“ (Age of Awareness), вокалистот Добромир Ганчев плука: „Банки, сметки, даноци – ние сме доживотни робови на долгови“. Песната јаодразува широко распространетета фрустрација во земјата поради ниските плати и експлоататорските модели на кредитирање. Песни како „Freak Show“ од 2014 година се занимаваат со финансиска манипулација, додека „Control“ од 2022 година предупредува на авторитарните тенденции – теми што резонираат во земја што сè уште се справува со демократско уназадување и концентрирано сопствеништво на медиумите.

Дури и претходните песни, како што се „Зад маската на правдата“ (Behind the Mask of Justice, 2008) и „Предавство“ (Treachery, 2014), се спротивставуваат на политичките измами, нудејќи критика што остана релевантна низ годините исполнети со корупциски скандали и масовни протести, вклучувајќи ги и антикорупциските демонстрации во 2020 година.

Добромир Ганчев од бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ дава ритам со тврд газење на сцената „На Тумно“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Настапот беше вклопен и со концептот на  сцената „На Тумно“, фраза што грубо се преведува како „во темно“, на која настапија.  Сет листата одрази андерграунд и интимно искуство во споредба со главната сцена, со песните “Freak Show”, “P.I.G.”, “Compromised,” “Control,” “Behind the Mask of Justice,” and “Treachery.”. За долгогодишните обожаватели, ова беше повеќе од забава – тоа беше музичка верзија на протестни слогани извикувани едногласно.

Соња Траусниг, басистка на бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на сцената „На Тумно“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Еден хардкор љубител на музиката, Реџи, го сумираше тоа како „изразување на секојдневните проблеми што ги гледате на вестите – смртни случаи во сообраќајки, политички театар во парламентот, зголемување на цените и, пред сè, постојаната неправда во воздухот“.

Младата публика скока во тек на настапот на „Урбан греј“ настапува на сцената „На Тумно“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Младата публика скока во тек на настапот на „Урбан греј“ настапува на сцената „На Тумно“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Овие неправди се постојано жариште во Бугарија, од демонстрации против корупција до јавен гнев поради благите казни за насилни злосторства. На „Хилс оф Рок“, одговорот на толпата – кренати тупаници, гласови што се придружуваа на извиците на Ганчев на мегафонот – нагласи како „Урбан Греј“ успева беспрекорно да ги спои музиката и пораката.

Фановите уживаат во настапот на „Урбан греј“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. На црно-белата сликата се маж со брада и ирокеза и жена со фатена коса и јака шминка. Обајцате се смеат и пеат, одразувајќи ја енергијата и другарството на заедницата на хардкор и хеви метал музика. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

За бендот, врската започнува со звукот. Бебо верува дека „вистинската уметност се случува кога бендот ги следи сопствените идеи“, објаснувајќи: „Модерните трендови се минливи. Она што трае е автентичноста“. Членовите на бендот се гледаат себеси помалку како политички актери, а повеќе како музичари чиј стил природно го канализира бунтот. Исто како што дет метал бендовите го прифаќаат крвопролевањето, „Урбан Греј“ го користат хардкорот за да го засилат отпорот.

Фановите во текот на настапот на „Урбан греј“ на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Црно-белата фотографија ги одразува разновидноста, интензитетот и солидарноста на публиката љубители на хардкор и хеви метал музика. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Нивната музика собра заедница за која концертите се протестни собири. „Свест за човечките вредности и никогаш неоткажување од вашите цели“ е начинот на кој Реџи го опишува етосот. Бендот се согласува, повикувајќи ги помладите музичари прво да се фокусираат на пробите, а потоа „да кажат сè што мислат – да експериментираат, да бидат храбри“.

Добромир Ганчев пејачот на бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Добромир Ганчев пејачот на бугарскиот хардкор бенд „Урбан греј“ настапува на фестивалот „Хилс оф рок 2025“ во Пловдив, Бугарија. Фотографија од Диана Николова, користена со одобрение.

Во „Хилс оф Рок“, тој етос резонираше со нивната најголема публика досега. За „Урбан Греј“, звукот секогаш е на прво место, но во тековната атмосфера што владее во Бугарија, пораката е невозможно да се игнорира.

Подолу е поместена листа со музиката на „Урбан Греј“, а за да видите повеќе еклектична музика од целиот свет, посетете го профилот на „Глобал војсис“ на „Спотифај“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.