Доминиканска Република: Рита Индијана, „Проекти како мојот должат многу на социјалните мрежи и интернетот“

Не постои едноставен начин да се класифицира Рита Индијана. Автор, пејач, и изведувач се само некои од многуте нејзини фази и димензии. Рита Индијана е господарка на инвентивноста и трансформацијата. Ги прочитавме нејзините романи „Papi“ и „La estrategia de chochueca.“ Сме ја виделе на нејзините настапи. Сме ги слушнале нејзините музички проекти, првин Mити Мити, а сега Рита Индијана и мистеријата.

Во соработка со блогот за алтернативна музика Puerto Rico Indie, неговите уредници и авторот на Глобал Воисес Алфредо Ричнер, дописникот од Њујорк Сире Дамиано (@sire_damiano), Марло Круз Паган (@Arturo_Elises) и Фирузех Шукух Вале, ја интервјуиравме доминиканската изведувачка по нејзината презентација изминатово лето како дел од Конференцијата на латинска алтернативна музика во Њујорк.

За време на интервјуто*, меѓу останатите теми, Рита Индијана зборува за нејзините музички идентитети, нејзината уметничка мултидимензионалност, нејзините идни проекти, и нејзината врска со социјалните медиуми и интернетот. Преведувачот за Глобал Воисес, Луела Махабир, во соработка со Фирузех Шукух Вале и Алфредо Ричнер, ја преведе на англиски снимката од интервјуто (за да погледнете со англиски превод притиснете го копчето CC).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.