Индија: Следење на сообраќајни прекршоци преку Фејсбук

Претстојните Комонвелт игри во Делхи се очекува да донесат голем број на работи во градот: атлетичари, туристи и нешто помалку возбудливо, сообраќај. За подобро следење на ситуацијата, Собраќајната полиција во Делхи (ДТП) почна да го користи Фејсбук за собирање информации во врска со сообраќајните прекршоци. Проектот предизвика многу внимание од страна на медиумите, социјалните мрежи и од граѓаните во Индија.

Вниманието кое го доби ДТП, поради користењето на Фејсбук, е поради тоа што ова е единствена иницијатива од ваков тип во Индија. Корупцијата се шири во индиското општество, почнувајќи од нивото на сообраќаец кој бара 100 рупи мито па се до измами вреди милијарда долари. Владата и нејзините претставници се смета дека се корумпирани, и способноста на граѓаните да ја следат владата е многу ниска. Транспарентноста во владините служби е речиси непостоечка, а во неколку случаи, кога идентитетот на кодошот бил разоткриен, тоа довело до закани па дури и смрт. Неодамна, активист за пристап до информации беше убиен. Владините институции придонесуваат за проблемот со нивниот неуспехот во одговорите на граѓаните, со одржување на многу информации во тајност и правење потешкотии за оние кои се борат против корупцијата. Во таква средина, секој нов метод за зголемување на граѓанското учество со владата задолжително ќе добие некоја нова реакција.

Иницијативата на ДТП има намера да помогне во раководењето на сообраќајот за време на претстојните Комонвелт игри, преку поттикнување на граѓаните да пријават проблеми и пост фотографии на сообраќајни прекршоци на Фејсбук. ДТП потоа ќе делува соодветно за тие прекршоци. Неколку стотици луѓе се казнети врз база на овие извештаи и фотографии, вклучувајќи и полицајци. ДТП исто така имаат и Твитер профил (@dtptraffic), кој го користи за да даде постојано ажурирање за сообраќајното движење и да ги предупредат луѓето за метежите.

Не секое внимание е позитивно: некои луѓе се прашуваат за законитоста за иницијативата, гледајќи како пример за шпионирање на граѓаните и преиспитување на можноста за манипулирање со фотографии. Сепак судејќи според бројот на луѓе кој го следат ДТП профилот на Твитер, колку луѓе притиснале „ми се допаѓа (Like)“ на нивниот профил на Фејсбук и блог постовите, иницијативата се покажа популарна.

Министерството за надворешни работи и Поштата влегоа в трендот на социјалните медиуми, креирајќи свои Фејсбук и Твитер профили. ДТП, до сега, го имаа лимитирно нивното користење на социјалните медиуми со цел да ги истакнат проблемите со сообраќајот. Нивната иницијатива ја отвора можноста за вклучување на повеќе технологии и уште повеќе иницијативи за во иднина – можеби дури преку користење на социјалните медиуми да пријават случаи на корупција во Сообраќајната полиција.

Идеи може да бидат земени од неколку граѓански иницијативи. РТИ Индија е веб заедница која работи на корупција и правото на пристап до информации. Праја работи на проект за слободен пристап до податоци со Владата на Карнатака, за податоците да и бидат јавно достапни на Владата. Кирти е граѓанска платформа каде луѓето можат да поднесат жалби за сите видови на граѓански прашања и како да постапат за да се решат. Иницијативата за одговорност работи на отчетност на владините институции, кои вклучуваат истражување за политики, создавање на поквалитетни податоци и барање начини за да ги споделат податоците со јавноста. Сепак, сè уште има многу малку онлајн иницијативи подготвени да се справат со масовните прашања на корупцијата и да им помогнат на граѓаните да се вклучат во владеењето директно.

Иницијативата на сообраќајната полиција на Делхи и нејзината популарност е само една пример, но таа ја нагласува потребата на луѓето да се поврзат со владата и нивните желби да учествуваат во граѓанските прашања на владина платформа. Исто така се отвора голема дебата за анализирање: како владините институции ќе ја користат технологијата за да обезбедат транспарентност и она што треба да се направи за понатаму. Овој случај треба да ги натера луѓето кои работат со онлајн технологиите и активизам да најдат начин како да им олеснат на луѓето да се вклучат во владините оддели, како да добијат информации и безбедно да пријават за корупција. Тој треба и да ги охрабри за да развијат платформа која ќе помогне во остварување на овие работи. Со помошта на технологијата, Индија ги зацврсти анти-корупциски закони, правото на информации и идеалот на демократијата би можел да стане значаен.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.